Close Menu
Press24
    Најново

    Николовска: Владата овозможува вработување за уште 300 приватни специјализанти и зголемување на платите во здравството

    25.08.2026 во 12:49

    Починал на лице место – Тешка сообраќајна несреќа во Македонија

    24.08.2026 во 10:13

    Добри вести за возачите: Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат

    25.08.2026 во 09:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Украина полека ја губи војната
    • Федоров: Украина полека ја губи војната, има само неколку месеци за пресврт
    • Трамп го готви најголемото укинување на визи
    • Прва конститутивна седница на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ – нова програма и избор на претседателки на УЖ на Општинските комитети 
    • Трамп: Го следиме „секој квадратен сантиметар“ од Ормутскиот Теснец
    • Топлотен бран во Грција: Во Атика и навечер над 30 степени
    • Почина ѕвездата Доли Партон, на 80-годишна воздраст
    • 410 првачиња од Ѓорче Петров ќе добијат бесплатно ранче и училишен прибор
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » МВР во акција: Спасивме тројца планинари од Шар Планина – беа изгубени и заглавени

    МВР во акција: Спасивме тројца планинари од Шар Планина – беа изгубени и заглавени

    12.07.2026 во 11:551 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На 11.07.2026 во 18:46 часот во СВР Тетово, А.Ч.(38) од село Жеровјане побарал помош за него и уште две лица, Н.М. од с.Слатино и Б.А. од с.Глоѓи. Пријавителот известил дека со возило пристигнале до местото викано „Три води“, атар на село Теарце, по што пешки се упатиле кон Шар Планина и останале заглавени, а притоа оддеднаш му се влошила здравствената состојба со болки во градите и отежнато дишење.

    Веднаш по добиената пријава се известени Полициското одделение Теарце и Територијалната противпожарна единица лоцирана во село Лешок. Н.М. и Б.А. успеале да го симнат А.Ч. до местото викано „Бачило“, каде биле пречекани од спасувачката екипа на Територијалната противпожарна единица.

    По пронаоѓањето, групата заедно со спасувачите пешки се спуштила до нивното возило, а во 20:40 часот кај местото „Три води“ биле прифатени од полициски службеници од ПО Теарце. Лицата безбедно се спроведени до регионалниот пат кај с.Лешок, каде пристигнала екипа на Итна медицинска помош од Тетово, при што А.Ч. на 12.07.2026 во 00:55 часот со амбулантно возило е пренесен во Клиничката болница Тетово за укажување лекарска помош.

    Прочитај повеќе

    Тетово: Му пукал во бикот со воздушна пушка

    25.08.2026 во 18:51

    Засилени контроли на МВР: Казнети 965 возачи на електрични тротинети

    25.08.2026 во 17:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.