Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Рама: Албанија нема да стави вето на Северна Македонија кон процесот на проширување на ЕУ

    Рама: Албанија нема да стави вето на Северна Македонија кон процесот на проширување на ЕУ

    12.07.2026 во 10:492 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Албанија нема да го искористи правото на вето против Северна Македонија во процесот на пристапување кон Европската Унија, дури и ако претходно стане членка на Унијата.

    Ова го порача албанскиот премиер Еди Рама, одговарајќи на прашање на студент од Скопје за време на младинскиот камп „RinCamp 2026“ во Јал, каде што учествуваат и млади од Северна Македонија. Рама истакна дека со години се спротивставува на користењето на ветото во процесот на проширување, оценувајќи дека таквиот механизам не придонесува за европската интеграција, туку создава нови политички блокади.

    „Албанија нема да му наметне вето никому и никаде. Имаме целосен интерес работите во Северна Македонија да се развиваат што е можно подобро. Исто така, ни е важно односите меѓу Македонците и Албанците да бидат братски и да се темелат на хармоничен соживот“, порача Рама.

    Тој оцени дека демократскиот развој не е линеарен процес, туку пат исполнет со предизвици, подеми и падови, додавајќи дека Албанија го посакува најдоброто за Северна Македонија и нејзината европска перспектива.

    Во своето обраќање повторно ја критикуваше практиката на користење вето во евроинтегративниот процес, нарекувајќи ја „заложнички механизам“ кој, според него, е неконструктивен и спротивен на духот на европското обединување.

    Рама се осврна и на потребата од поинаков пристап на Европската Унија кон земјите кандидати. Според него, државите што сè уште не се членки треба порано да бидат вклучени во европските процеси на одлучување, посочувајќи дека Планот за раст на ЕУ веќе отвора простор за такви промени.

    „Политички, Европа треба да се обедини сега, а потоа секоја земја да ја исполни својата должност“, рече албанскиот премиер.

    Осврнувајќи се на положбата на Албанците во регионот, Рама оцени дека денес тие се наоѓаат во најповолна позиција во својата понова историја и повика тој напредок да се зачува и понатаму.

    Прочитај повеќе

    И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите

    19.09.2026 во 15:29

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.