Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Искра Хаџи Василева победи на изборите за шеф на Обвинителството за организиран криминал

    28.10.2026 во 16:52

    Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини

    28.10.2026 во 16:36

    Маж прославувал раѓање на дете, па по расправија со нож го прободел колегата – Инцидент во Батајница

    28.10.2026 во 16:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Неофицијално: Искра Хаџи Василева победи на изборите за шеф на Обвинителството за организиран криминал
    • Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини
    • Маж прославувал раѓање на дете, па по расправија со нож го прободел колегата – Инцидент во Батајница
    • Волк нападна осумгодишно девојче во зоолошка градина во Германија – итно префрлено со хеликоптер во болница
    • Поранешна министерка загина во железничката несреќа во Шпанија
    • Закана од терористички напад – Заканувачка порака испратена на е-маил на Народното собрание на РС
    • Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија
    • Кривична пријава за директорот на ЈКП „Брегалница“ од Делчево: Злоупотребил службена положба за слободни денови на вработена
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Голомеов: Современото рударство е безбедно, економските придобивки воопшто не се за занемарување

    Голомеов: Современото рударство е безбедно, економските придобивки воопшто не се за занемарување

    10.07.2026 во 11:55Updated:10.07.2026 во 12:043 Mins Read
    ФОТО: AI Generated/Freepik
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во време кога Европа сè повеќе инвестира во критичните минерали, дел од домашната јавност и понатаму со недоверба гледа на рударските проекти. Универзитетскиот професор Благој Голомеов оценува дека ваквата перцепција не ја следи технолошката еволуција на современото рударство.

    „Современите технологии овозможуваат целосно безбедна работа на рудниците.“

    Според него, токму проектот „Иловица“ предвидува примена на современи технологии, а јавната дебата треба да биде заснована на стручни аргументи, законски процедури и научни сознанија, наместо на генерализирани стравови.

    „Овој процес на флотирање на бакарните минерали, бидејќи е мономинерален… само халкопиритот и бакарните минерали… е прилично бенигнен. Односно, се употребуваат само ксантати, пенливци и регулатори, вар за регулирање на средината… Така што, 90% од нив и повеќе се извлекуваат само со концентратите, кои дури потоа одат на топење и се добива чист бакар. Зборот ми е дека постои технологија која може да биде сосема безбедна за примена“, истакна Голомеов.

    Професорот се осврна и на економските придобивки на овој проект. Според него, со блокадата на инвестицијата државата губи големи приливи, бидејќи европскиот пазар задоволува едвај 20% од сопствените потреби за бакар и бара нови извори за да ја оствари енергетската и зелена транзиција.

    „Преку издвојувањата за сите оние плаќања, особено платите на вработените, преку ангажирањето на надворешни фирми, економскиот ефект е прилично голем и прилично големо влијание има врз бруто-домашниот производ. Значително влијание има врз бруто-домашниот производ. Се проценува дека десетина проценти ќе има влијание врз бруто-домашниот производ, што воопшто не е за занемарување“, додаде Голомеов во изјава за ТВ Сител.

    Претходно и инвеститорот во рудникот го ревидираше проектот, поради најновите технологии и забелешките кои беа упатени од страна на дел од активистите. Компанијата „Еуромакс ресоурцес“ упати и писмо до институциите во кое наведе дека нема да се користи цијанид, ниту било каква цијанидна супстанца во постапката за експлоатација. Понатаму, отпадна и дел од проектот кој предвидуваше хидројаловиште, туку се планира „суво јаловиште за одложување на јаловината со најсовремени технологии кое нема да ги загрозува подземните води“..

    Покрај Голомеов, неодамна и металургот Горан Начевски во однос на критиките кон новите инвестиции истакна дека дебатата мора да се одвива врз основа на научни факти, а дискусијата во јавноста најчесто ја водат лица кои не се од фелата, што создава простор за недоразбирања и поларизација. Начевски во интервју за А1он, прашан конкретно за инвестицијата во Иловица, одговори дека таа претставува една од најголемите потенцијални рударски инвестиции во Македонија во последните децении. 

    „Доколку инвеститорот вложи во најсовремени технологии за заштита, проектот може да биде во функција на економијата без да ја загрози животната средина“, потенцира Начевски.

    Професорот заклучува дека со статус-кво состојбата во рударството Македонија губи повеќе отколку што добива, односно се губат потенцијални инвестиции, нови работни места и можност за позиционирање како регионален снабдувач на критични минерали. Во исто време, како што додава, државата останува надвор од глобалните синџири на снабдување, што ја намалува економската и стратешката тежина на Македонија.

    Прочитај повеќе

    Маж прославувал раѓање на дете, па по расправија со нож го прободел колегата – Инцидент во Батајница

    28.10.2026 во 16:33

    Волк нападна осумгодишно девојче во зоолошка градина во Германија – итно префрлено со хеликоптер во болница

    28.10.2026 во 16:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.