Кичево вчера се прости од полицискиот службеник Генц Арслани, кој ненадејно почина на 44-годишна возраст. Зад себе ги остави сопругата и двете малолетни деца.

Арслани, роден на 3 ноември 1982 година, беше меѓу првите припадници на полицијата кои ја започнаа својата служба во 2002 година. На 1 февруари истата година го започнал работниот ангажман во Полициската станица Кичево, каде повеќе од 20 години професионално и посветено ја извршувал полициската должност.
Во текот на својата кариера бил познат како професионалец кој придонесувал за одржување на јавниот ред и безбедноста на граѓаните. Во април 2022 година бил поставен за командант на Единицата за сообраќајна полиција при Полициската станица Кичево, функција на која продолжил да ја извршува својата одговорна работа.
Неговото заминување предизвика голема жалост кај колегите и сограѓаните.

