Close Menu
Press24
    Најново

    Испразнете ги базентите, август и септември се пикот на западнонилската треска, посочи Клековски

    17.08.2026 во 16:35

    МВР: За само 6 часа паднаа 63 пијани возачи, 8 од нив се приведени

    17.08.2026 во 16:25

    Тепачка во Батинци: Пет лица нападнале 41-годишен маж и неговиот малолетен син

    17.08.2026 во 17:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Работна средба со претставници на Проектот на Европската Унија за владеење на правото
    • Започна порибувањето на Охридското Езеро со охридска пастрмка
    • Тепачка во Батинци: Пет лица нападнале 41-годишен маж и неговиот малолетен син
    • Македонија се враќа на Евровизија: Потврдено учеството на изборот во Бургас за 2027 година
    • Започна исплатата на „Мој ДДВ“ – проверете ги сметките
    • Испразнете ги базентите, август и септември се пикот на западнонилската треска, посочи Клековски
    • МВР: За само 6 часа паднаа 63 пијани возачи, 8 од нив се приведени
    • (ВИДЕО) СДСМ објавија снимка од експлозија на бомба во дворот на вработен во МВР, поврзан со кумот на Мицкоски
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ФОТО: Ова е малолетниот Душан кој загина во страшна сообраќајка – Автомобил се превртел, а тој излетал, голема трагедија ја потресе Србија

    ФОТО: Ова е малолетниот Душан кој загина во страшна сообраќајка – Автомобил се превртел, а тој излетал, голема трагедија ја потресе Србија

    09.07.2026 во 10:22Updated:09.07.2026 во 10:252 Mins Read
    РТС Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Сообраќајната несреќа на Голија, во која загина 15-годишниот Душан В. од Нови Пазар, според првичните сомнежи, се случила поради тоа што возачот бил под дејство на алкохол.

    Како што наведуваат од Управата за сообраќајна полиција, до несреќата во која загинал младиот човек дошло поради неприлагодена брзина и управување со возило под дејство на алкохол. Возачот изгубил контрола над автомобилот, излетал од коловозот и удрил во објект покрај патот.

    Загинатото момче, потсетуваат медиумите, само неколку дена претходно го завршило основното училиште.

    Жртвата Душан

    Автомобилот, по излетувањето од патот, удрил во бандера и се превртел, а тинејџерот при превртувањето испаднал од возилото и се здобил со тешки повреди. И покрај напорите на лекарите, им подлегнал на повредите.

    Возилото се движело кон Голија, каде деновиве се одржува традиционален собир кој секоја година привлекува голем број посетители од Нови Пазар и други места.

    Во автомобилот имало уште три лица. Едно од нив се здобило со тешки телесни повреди, додека две лица поминале со полесни повреди и им била укажана медицинска помош. Нивната здравствена состојба засега официјално не е соопштена.

    Веста за смртта на 15-годишниот Душан длабоко ги потресе неговите соученици, наставници, пријатели и бројни граѓани на Нови Пазар. Од момчето, чиј живот трагично заврши, многумина се простуваат на социјалните мрежи со емотивни пораки и изрази на сочувство до неговото семејство.

    Полицијата извршила увид, а околностите под кои се случила тешката сообраќајна несреќа ќе бидат утврдени со истрагата.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Спасена туристка на Халкидики, па доби казна од грчката крајбрежна стража

    17.08.2026 во 10:35

    Автобус со 84 патници излета од автопатот во Бугарија

    15.08.2026 во 11:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.