Close Menu
Press24
    Најново

    Потресни сведочења за трагедијата во „Пулс“: Татко на жртва праша дали полицијата била таму за бесплатни пијалаци

    08.07.2026 во 15:28

    Зајкова избрана за потпретседателка во Собрането на ОБСЕ

    08.07.2026 во 15:19

    Додека ММФ алармира за растот на цената на бакарот, македонските резерви во Иловица остануваат под земја

    08.07.2026 во 15:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Потресни сведочења за трагедијата во „Пулс“: Татко на жртва праша дали полицијата била таму за бесплатни пијалаци
    • Зајкова избрана за потпретседателка во Собрането на ОБСЕ
    • Додека ММФ алармира за растот на цената на бакарот, македонските резерви во Иловица остануваат под земја
    • Поднесено обвинение за стечајот на Еуростандард банка
    • Марта Кос: Уставните измени остануваат неопходен чекор, до 2028 година може да станете нова членка
    • Мицкоски: Покажавме дека реформите не се декларативна определба, туку конкретна работа
    • Машки труп пронајден во Пчиња
    • Дури 25 лица без возачка седнале зад волан, полицијата апсела низ цела држава
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Потресни сведочења за трагедијата во „Пулс“: Татко на жртва праша дали полицијата била таму за бесплатни пијалаци

    Потресни сведочења за трагедијата во „Пулс“: Татко на жртва праша дали полицијата била таму за бесплатни пијалаци

    08.07.2026 во 15:283 Mins Read
    ФОТО: Press24
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжи судскиот процес против 13 полициски службеници, кои се товарат за тешки дела против општата сигурност поврзани со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ од 16 март 2025 година. На денешното рочиште беа пуштени видео-снимки од внатрешноста на објектот каде што настапувала групата „ДНК“ и каде се гледа почетокот на пожарот, по што следеа потресни изјави и сведочења.

    Александар Наунов, татко на една од жртвите во пожарот, во изјава за медиумите пред судот упати директни и тешки обвинувања до обвинетите полицајци.

    „Едно прашање не можеме да го премолчиме. Велите дека сте имале задача да барате опојни дроги. Ако е така, како не го пронајдовте она што, според многу жители, го знае цело Кочани? Дали навистина не видовте, или не сакавте да видите, па молчешкум одминувавте? Влегувате во дискотеката, а не реагирате на пиротехниката. Дали спречувањето на такви опасности е дел од вашите службени обврски? Ако е, тогаш зошто не постапивте?“ – праша Наунов, потенцирајќи ги и сомнителните телефонски комуникации со сопственикот: „И затоа денес прашуваме: дали униформата служела за заштита на граѓаните или за удобност на привилегираните?“

    „За жал, за нашите 63 деца, секое непостапување имаше цена. И таа цена беше нивниот живот. Ние нема да судиме наместо судот. Но, нема ниту да дозволиме зад службени задачи, процедури и изговори, да се сокрие човечката и службената одговорност. Правда не се брани со оправдувања, туку со факти. А фактите денес се изведуваат во судницата. И ние сме тука будно да следиме“, порача Наунов.

    Во судницата потоа сведочеше Теодор Стаменков, кој во кобната ноќ бил малолетен, а келнерот му кажал на неговото друштво да излезат бидејќи ќе имало полициска контрола. Тој појасни дека на излезот полицијата само ги запишала, а кога избил пожарот, никој од службениците не им помогнал да го извлечат заглавениот брат на неговиот другар.

    „На вратата стоеше униформирано полициско лице, кое нѐ запре, излеговме надвор и нѐ запиша како неидентификувани“, појасни Стаменков, кој подоцна идентификуваше еден од обвинетите како полицаецот што го запишал.

    Следна сведочеше студентката Сара Стојановска, која опиша како настанал стампедо по повикот на музичарите да се напушти објектот. Таа паднала по скалите, по што врз неа се натрупале други луѓе, а кога побарала помош од полицаец, тој одбил да ѝ помогне со зборовите: „Како да ти помогнам, што да направам?“ и се тргнал настрана.

    „Во еден момент, Панчо рече – „излезете, за брзо ќе се вратиме“ – не знаевме што се случува, од кај мене не се гледаше пожарот. Одзади многу буткаа, не си ги чувствувавме нозете по земја дека се движиме. Се изгубивме со другарките бидејќи настана многу голема гужва“, сведочеше Стојановска.

    Прочитај повеќе

    Зајкова избрана за потпретседателка во Собрането на ОБСЕ

    08.07.2026 во 15:19

    Додека ММФ алармира за растот на цената на бакарот, македонските резерви во Иловица остануваат под земја

    08.07.2026 во 15:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.