Close Menu
Press24
    Најново

    Како да го заштитите домот од крадци додека сте на одмор – Една грешка ја прават сите, па стануваат лесна мета

    06.07.2026 во 10:53

    Позитивни финансиски трендови во Буџетот: Раст на приходите и зголемени инвестиции

    06.07.2026 во 10:44

    Скопје: Маж преживеал драма додека шетал низ Градскиот Парк

    06.07.2026 во 10:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Како да го заштитите домот од крадци додека сте на одмор – Една грешка ја прават сите, па стануваат лесна мета
    • Позитивни финансиски трендови во Буџетот: Раст на приходите и зголемени инвестиции
    • Скопје: Маж преживеал драма додека шетал низ Градскиот Парк
    • Германски експерти и УКИМ во посета на Пелистер за заштита на шумските ресурси
    • Масовен напад на Киев – Телата на цело семејство извлечени од под урнатините, многу повредени и жртви
    • Жена уапсена на „Ќафасан”
    • Полицијата направи „парче” во Струмица – 70 санкции, приведени шест возачи
    • Се празнува Света Агрипина – Жените треба да направат една работа за мир и здравје
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Како да го заштитите домот од крадци додека сте на одмор – Една грешка ја прават сите, па стануваат лесна мета

    Како да го заштитите домот од крадци додека сте на одмор – Една грешка ја прават сите, па стануваат лесна мета

    06.07.2026 во 10:532 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во екот на сезоната на годишни одмори, кога многумина патуваат и ги оставаат своите домови празни, расте и ризикот од провали. Затоа е важно навреме да се преземат мерки за заштита, за станот или куќата да бидат безбедни за време на отсуството.

    Како граѓаните можат да ја заштитат својата имотна безбедност и без грижа да заминат на одмор, за емисијата „Редакција“ зборуваше Исиодора Милосављевиќ, генерален секретар на „Друштво за Безбедност” од Србија.

    – Многу е важно да се спроведат превентивни мерки за да не станеме мета на провалници додека сме отсутни. Постојат неколку едноставни совети кои можат значително да го намалат ризикот од провала. Најдобро е клучот од станот или куќата да се остави на лице од доверба, кое повремено ќе доаѓа, ќе ги отвора прозорците, ќе го вклучува телевизорот, ќе ја вади поштата и ќе го празни сандачето. На тој начин се остава впечаток дека некој престојува во домот, што може да ги одврати провалниците и да ја намали можноста објектот да биде „таргетиран“ – изјави Милосављевиќ.

    Таа додава дека една од најчестите грешки е спуштањето на ролетните и оставањето на домот во таква состојба во текот на целиот одмор, бидејќи тоа јасно укажува дека во објектот нема никој. Како ефикасна заштита ги посочи и видеонадзорот и алармните системи, кои иако бараат поголема инвестиција, значително ја зголемуваат безбедноста и делуваат одвраќачки за провалниците.

    Милосављевиќ предупреди и на ризикот од несоодветно користење на социјалните мрежи за време на одмор.

    – Она што несвесно го правиме, а може да привлече крадци, се социјалните мрежи. Провалниците често ги следат објавите, па споделување фотографии од одмор или означување локација јасно покажува дека не сте дома. Затоа се препорачува фотографиите да се објавуваат по враќањето од патувањето, со цел да се намали ризикот од злоупотреба на информациите – заклучи Милосављевиќ за емисијата „Редакција“.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Позитивни финансиски трендови во Буџетот: Раст на приходите и зголемени инвестиции

    06.07.2026 во 10:44

    Скопје: Маж преживеал драма додека шетал низ Градскиот Парк

    06.07.2026 во 10:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.