Close Menu
Press24
    Најново

    Николовска: Владата овозможува вработување за уште 300 приватни специјализанти и зголемување на платите во здравството

    25.08.2026 во 12:49

    Добри вести за возачите: Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат

    25.08.2026 во 09:28

    Ловочуварот го затекнал со усмртено животно за време на ловостој: Приведен 56-годишен неготинец

    25.08.2026 во 14:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Овие намирници не треба да ги чувате во вратата од фрижидерот, грешка што многу луѓе ја прават
    • Кои 10 градови се прогласени за најубави летни дестинации во светот
    • Лавров: Москва и Ватикан го зачуваа дијалогот заснован на заемна почит и доверба
    • Канада воведува нови царини за американските производи
    • Не е само наталитетот: илјадници деца родени во Македонија не стигнуваат до македонските училишта
    • Италијанец ќе оди во затвор: изградил антички театар од стиропор и ги лажел туристите дека е 2000 години стар
    • Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини, секој што ќе постави нови ќе биде уништен
    • Македонија со најевтино гориво – Албанија со најскапо
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Апсење на различни локации во Скопје – 12 лица со лисици на рацете

    Апсење на различни локации во Скопје – 12 лица со лисици на рацете

    06.07.2026 во 09:361 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во периодот 4 и 5 јули 2026 година, на повеќе локации низ државата, полициски службеници од неколку полициски единици лишиле од слобода повеќе лица, кај кои биле пронајдени наркотични средства.

    Во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје привеле пет лица, откако кај нив биле пронајдени бела прашкаста и грутчеста материја и марихуана.

    Во Стар Дојран, во одделни случаи, биле приведени повеќе лица. Кај едно лице при преглед била пронајдена марихуана, додека кај друго лице, како и при преглед на патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, биле пронајдени марихуана и грутчеста материја.

    Во уште еден случај во Стар Дојран, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија привеле лице од Валандово, кај кое била пронајдена бела грутчеста материја.

    Во Битола, на улицата „Трајче Магловски“, биле лишени од слобода две лица, откако при преглед кај едно од нив била пронајдена марихуана.

    Во село Долно Дупени, ресенско, биле приведени две лица од СВР Битола, по што при преглед на патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки била пронајдена марихуана.

    По целосно документирање на случаите, против сите лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Тетово: Му пукал во бикот со воздушна пушка

    25.08.2026 во 18:51

    Засилени контроли на МВР: Казнети 965 возачи на електрични тротинети

    25.08.2026 во 17:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.