Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт
    • Пресврт по неуспешната егзекуција: Криста Пајк се разбуди од кома, свесна е и зборува во болница
    • Безбедносна тревога во Софија: Бугарската претседателка Илијана Јотова свика седница на Советот за национална безбедност
    • 39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово
    • Гостивар: Мајка си го пријавила синот во полиција
    • Крвава пресметка во Идризово: Избоден затвореник пренесен на клиника
    • Му забодел нож во гради на колегата – Детали за крвавата пресметка меѓу возачите на автобуси на кружен тек во Белград
    • Полицијата заплени 94 графички картички без документи кај скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ново рочиште за пожарот во „Пулс“: На ред се телефонските комуникации како доказ

    Ново рочиште за пожарот во „Пулс“: На ред се телефонските комуникации како доказ

    06.07.2026 во 08:022 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во Основниот кривичен суд, во судницата во затворот „Идризово“, денеска продолжува судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.

    На денешното рочиште се очекува Обвинителството да продолжи со изведување на материјалните докази. Според најавите, ќе бидат презентирани листинзи од телефонските комуникации, по што од доказната постапка на обвинителството ќе останат уште градежното вештачење и сослушувањето на вештите лица.

    На претходното рочиште беа презентирани бројни документи, меѓу кои записници од претреси, потврди за привремено одземени предмети, извештаи и службени дописи од Министерството за внатрешни работи и СВР Штип, како и документација од Државниот пазарен инспекторат, поврзана со инспекциски контроли и работењето на правните субјекти „Класик ДМ“ и „ММММ Кафе“.

    Пред почетокот на изведувањето на доказите, јавната обвинителка Наташа Сарамандова истакна дека станува збор за исклучително сложен предмет со обемна доказна постапка, насочена кон целосно расветлување на околностите што довеле до една од најголемите трагедии во поновата македонска историја.

    Таа посочи дека, доколку законските одредби го дозволувале тоа во оваа фаза од постапката, обвинителството веќе би одговорило на дел од прашањата и забелешките на одбраната во врска со одговорноста и улогата на обвинетите. Според Сарамандова, тие прашања ќе бидат детално образложени во завршните зборови.

    По завршувањето на доказната постапка на Обвинителството, свои материјални докази, сведоци и две вештачења ќе предложи и одбраната.

    Судскиот процес го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, додека обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

    Пожарот во дискотеката „Пулс“ избувна на 16 март 2025 година за време на настап на музичката група ДНК. Во несреќата загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени, што ја прави една од најтешките трагедии во поновата историја на државата.

    Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт

    06.10.2026 во 23:52

    39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово

    06.10.2026 во 23:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.