Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска упати честитки до Соединетите Американски Држави и до американскиот народ по повод 250-годишнината од независноста.
-Искрени честитки до Соединетите Американски Држави и до американскиот народ по повод 250-годишнината од независноста. Нашето пријателство, стратешко партнерство и сојузништво продолжуваат да се зацврстуваат врз основа на споделени вредности и меѓусебна доверба – истакна Муцунски во честитката објавена на Фејсбук.

