18-годишна девојка од Свети Николе ќе одговара кривично затоа што се заканувала со остар предмет на својата мајка.
Како што се наведува во полицискиот билтен, надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднела кривична пријава против И.П. (18) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
Пријавената на 16.06.2026 во дворно место од куќа, по претходна расправија со нејзината мајка, ѝ упатувала закани со остар предмет.

