Close Menu
Press24
    Најново

    Детали: Приведениот обвинител од Прилеп ургирал во 4 предмети и барал пониски казни – колегите го снимале цело време

    07.10.2026 во 10:52

    Лоши прогнози: Скап дизел ќе возиме цела наредна година

    07.10.2026 во 10:13

    Измени во „Сејф Сити“ – камерите ќе гледаат нов прекршок

    07.10.2026 во 10:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Претепан сопругот на Јелена Крсмановиќ – Завршил без заб и со потрес на мозокот
    • ВМРО-ДПМНЕ до Филипче: Ако има докази за криминал од 37 милиони евра, достави ги до Обвинителството
    • ФОТО: Реновирана салата во „Коле Неделковски“ – Учениците добија современ простор за спорт
    • Аеродромите рушат рекорди: Македонија се движи кон 4 милиони патници
    • ВМРО-ДПМНЕ: Чучер Сандево се развива со конкретни проекти и инвестиции
    • Го запреле на Табановце – Кога виделе што има во возилото веднаш го уапсиле
    • Подгответе се за продолжен викенд – УХМР со временска најава за трите дена одмор
    • СДСМ: Владата повторно се задолжува
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Проектот на зетот на Трамп во Албанија може да ја блокира нејзината интеграција во ЕУ

    Проектот на зетот на Трамп во Албанија може да ја блокира нејзината интеграција во ЕУ

    02.07.2026 во 23:162 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Планот на албанската влада за реализација на луксузен туристички проект вреден 1,4 милијарди евра, поддржан од Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, предизвика сериозни реакции во Европскиот парламент. Дел од европратениците предупредуваат дека овој чекор може да го забави или целосно да го загрози патот на Албанија кон ЕУ.

    Најголеми критики предизвика најавената изградба на ексклузивни комплекси на островот Сазан и на полуостровот Звернец, кој се наоѓа во заштитеното подрачје на лагуната Вјоса-Нарта, позната по својата богата флора и фауна.

    Поради ова, низ Албанија веќе со недели траат масовни протести, во медиумите наречени „фламинго револуција“, каде демонстрантите бараат оставка од премиерот Еди Рама поради загрозување на природните ресурси.

    Шефот на делегацијата на Европскиот парламент во Албанија, холандската европратеничка Тинеке Стрик, за „Гардијан“ изјави дека тиранските власти преземаат огромен политички ризик и дека градењето во заштитени зони не е во согласност со европските еколошки стандарди.

    Според Стрик, доколку Албанија сака да го задржи својот кредибилитет во процесот, премиерот Рама треба да се откаже од проектот и да покаже дека обврските кон ЕУ се поважни од интересите на инвеститорите.

    За време на нивната посета во Албанија, европратениците евидентирале дека градежните активности во Звернец веќе нанеле штета, вклучувајќи уништување на шумите и на природните песочни дини, а проектот се соочува и со обвинувања за можна корупција и нетранспарентност.

    Официјална Тирана претходно најави дека има цел да ги заврши преговорите со ЕУ до крајот на 2027 година за да стане членка до 2030 година. Сепак, европските претставници порачуваат дека овој комплекс може да биде сериозна кочница, и покрај силната поддршка од албанските граѓани за евроинтеграциите.

    Прочитај повеќе

    Претепан сопругот на Јелена Крсмановиќ – Завршил без заб и со потрес на мозокот

    08.10.2026 во 10:15

    ФОТО: Марија најдена шест години по исчезнувањето – Замотана во ќебе лежела до познато туристичко место

    08.10.2026 во 08:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.