Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски: Ќе предводам уште една голема победа над СДС на наредните избори

    02.07.2026 во 20:47

    Прогласена кризна состојба: На првиот Главен штаб во ЦУК усвоен е акциски план за справување со пожарите

    02.07.2026 во 20:44

    Мицкоски: Работиме макотрпно

    02.07.2026 во 20:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Ќе предводам уште една голема победа над СДС на наредните избори
    • Прогласена кризна состојба: На првиот Главен штаб во ЦУК усвоен е акциски план за справување со пожарите
    • Мицкоски: Работиме макотрпно
    • По температури над 40°C, падна снег – зимата се врати во овој дел од Европа
    • Мицкоски тврди дека СДСМ и Левица се борат против Изборниот законик поради губитнички менталитет
    • Мицкоски најави нова победа на изборите, па враќање на факултет
    • Инцидент во Градски парк: Млада Италијанка заврши со лисици на рацете
    • Повеќе од 800 лица починаа од жештините во Германија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Повеќе од 800 лица починаа од жештините во Германија

    Повеќе од 800 лица починаа од жештините во Германија

    02.07.2026 во 19:41Updated:02.07.2026 во 21:082 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Германскиот државен Институт „Роберт Кох“ денеска соопшти дека од почетокот на годината до топлотниот бран од крајот на јуни, од последица на топлото време починале повеќе од 800 луѓе.

    Најголемиот дел од регистрираните смртни случаи се забележани кај највозрасната категорија на граѓани.

    „До 21 јуни, повеќе од 800 луѓе починаа од топлото време, од кои 500 од нив биле над 85 години. Во возрасната група помеѓу 75 и 84 години, регистрирани се 190 смртни случаи предизвикани од топлината, додека кај оние помлади од 65 години, починале околу 40, се наведува во соопштението на Институтот Роберт Кох.“

    Официјалните податоци покажуваат дека поголемиот број од починатите се жени, што укажува на фактот дека во групата граѓани над 85 години има повеќе жени отколку мажи.

    Надлежните предупредуваат дека статистиката за смртни случаи од топлото време најверојатно може да се промени откако ќе пристигнат резултатите за најжешкиот период.

    Тоа се должи на фактот што кон крајот на јуни во Германија беше соборен претходниот рекорд од 41,7 степени Целзиусови.

    Од институтот појаснија и кои се најчестите медицински причини кои доведуваат до фатален исход кај пациентите за време на летните жештини.

    „Смртните случаи се предизвикани или од директен топлотен удар или како комбинација од високи температури и од постоечки болести, се истакнува во соопштението на Институтот Роберт Кох.“

    За споредба со претходните периоди, изминатите години највисока смртност предизвикана од високите температури на воздухот е забележана во 2018 година, кога починаа 8.000 луѓе.

    Прочитај повеќе

    По температури над 40°C, падна снег – зимата се врати во овој дел од Европа

    02.07.2026 во 20:23

    Најмалку пет лица загинаа, а 16 се повредени во експлозија во кафуле во Дамаск

    02.07.2026 во 19:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.