Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Детали: Приведениот обвинител од Прилеп ургирал во 4 предмети и барал пониски казни – колегите го снимале цело време

    07.10.2026 во 10:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Клековски: Сериите на БСЖ-вакцината се искористени до јуни годинава, без документирани несакани ефекти
    • Ѓорѓиевски: Во тек е конструкција на паркот „Жена Борец“
    • Правеле ајвар и предизвикале пожар во Горно Соње
    • Одземен му е пасошот на вишиот јавен обвинител Пецо Везироски од Битола
    • Избегал од затвор во Струмица па ја киднапирал бившата во Шуто Оризари
    • 17-годишна девојка физички и психички малтретирала од невенчниот супруг и неговите мајка и сестра
    • Семејна драма во Тетово: Со нож ѝ се заканувал на мајка си и уште една роднина
    • Тетовец тепал 11-годишно дете
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Жена касната од риба зајак на популарно грчко туристичко место каде летуваат многу Македонци

    Жена касната од риба зајак на популарно грчко туристичко место каде летуваат многу Македонци

    30.06.2026 во 09:192 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Жена била нападната од отровната риба-зајак, во јавноста позната и како лагокефалос, додека влегувала во морето на плажа во популарното грчко туристичко место Пефкохори на Халкидики.

    Повредената жена за грчката телевизија „АНТ1“ појаснила дека инцидентот се случил во плитките делови од водата, додека била во друштво со своите пријатели.

    „Реков: ‘Нешто ме гризе и не ме пушта’. Погледнав надолу и видов огромна риба. Знаев како изгледа лагокефалосот, бидејќи претходно бев информирана. Сфатив дека е тоа, се исплашив и почнав да ја тресам ногата за да се ослободам, бидејќи ме касна и не ме пушташе. Веднаш излегов од морето, бев во паника и почнав да плачам“, раскажала жената.

    Според нејзиното сведоштво, сериозноста на повредата не е поголема благодарение на позицијата каде што рибата го извршила каснувањето.

    „За среќа, ме касна точно преку коската на глуждот, па забите не успеаја да навлезат подлабоко во ткивото. Сепак, ми остави голема и видлива рана“, изјавила повредената жена.

    Веднаш по настанот, присутните капачи на плажата реагирале брзо, ѝ укажале прва помош на жената и успеале да го запрат обилното крварење на ногата.

    Таа итно била пренесена во локалниот здравствен центар во регионот, каде дежурните медицински екипи ја исчистиле раната, по што ѝ била препишана антибиотска терапија и примила серум против тетанус.

    Прочитај повеќе

    Бугарскиот производител се сомнева дека во Хрватска била дадена 10 кратно поголема доза од вакцината

    07.10.2026 во 11:15

    Безбедносна тревога во Софија: Бугарската претседателка Илијана Јотова свика седница на Советот за национална безбедност

    06.10.2026 во 23:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.