Close Menu
Press24
    Најново

    Почина Јован Павловски, доајенот на македонската книжевност и публицистика

    24.06.2026 во 12:26

    Јаневска: Го запревме падот, сега го подигнуваме квалитетот на образованието

    24.06.2026 во 12:08

    Уапсен маж на Бит Пазар: Запалил плевна во скопско село

    24.06.2026 во 12:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Почина Јован Павловски, доајенот на македонската книжевност и публицистика
    • Јаневска: Го запревме падот, сега го подигнуваме квалитетот на образованието
    • Уапсен маж на Бит Пазар: Запалил плевна во скопско село
    • ЦУК гради модерен систем: Со вештачка интелигенција и поддршка од НАТО ќе се управува со кризите
    • (ФОТО) Обновени детските игралишта во Ценатр: Општината вложи милиони за нови реквизити во Капиштец и Дебар Маало
    • Муцунски по две години мандат: Остварени над 110 посети во странство и милионска поддршка од ЕУ
    • Опасност во жешките денови: Еве кои работи никако не смеете да ги оставите во автомобил на сонце
    • Гужви на македонско–албанската граница: Расте протокот на „Блато“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Почина Јован Павловски, доајенот на македонската книжевност и публицистика

    Почина Јован Павловски, доајенот на македонската книжевност и публицистика

    24.06.2026 во 12:263 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На 89-годишна возраст денеска во Скопје почина Јован Павловски, истакнат македонски енциклопедист, поет, раскажувач, романописец, писател за најмладите и публицист.

    Павловски во три мандати ја извршуваше функцијата претседател на Друштвото на писателите на Македонија, а беше и член на Македонскиот ПЕН центар. Во својата богата кариера работеше како долгогодишен уредник на повеќе рубрики во весникот „Нова Македонија“, а беше и нејзин дописник од Париз и Москва. Од 1980 до 1986 година пренесуваше знаења како професор по теорија и практика на новинарството на Интердисциплинарните студии по новинарство на УКИМ.

    Тој е автор на педесетина книги, меѓу кои култните поетски збирки и романи. Неговото дебитантско дело „Тоа Радиовце во кое паѓам длабоко“ ја доби наградата „Рациново признание“ и остана забележано како прв македонски политички роман. За него, академик Георги Старделов своевремено истакна: „По појавата на романот ‘Тоа Радиовце’, македонската проза никогаш повеќе нема да биде таква каква што беше!“ На ова се надоврза и академик Милан Ѓурчинов, кој напиша дека романот е „исполнет со остар критичен набој, насочен кон бездушноста на општеството кон своите некогашни јунаци и градители, романот ‘Тоа Радиовце…’ се разликува од еднонасочните визури на т.н. политички роман“.

    Неговиот најпознат роман „Сок од простата“ од 1990 година целосно ги разбранува културните води и ја внесе еротиката на голема врата во домашната литература. Миодраг Друговац во првите рецензии забележа дека тоа е „едно од најоригиналните дела на македонската и југословенската литература, скапоцен алем-камен во мозаикот на нејзините вредности. Тоа е еротичко дело што фасцинира!“ Воедно, Петар Т. Бошковски подвлече дека „романот [„Сок од простата“] на рамниште на модерен жанр, на главна врата ја внесува еротиката во современата македонска литература, ја внесува со достоинство на комплетно остварување, кое ја има енергијата на неодоливата уметничка мотивираност и инспирација, и кое носи печат на авторска оригиналност“.

    Делото доби признание и надвор од границите. Во реномираната „Хрватска енциклопедија“ на Лексикографскиот завод „Мирослав Крлежа“ од Загреб, книгата е дефинирана со зборовите: „Јован Павловски е тематски преокупиран со личното и колективното (национално) постоење, идентитетот и ентитетот во минатото, сегашноста и иднината, односот на животот и смртта, сексуалноста и еросот. Неговата контемплативна и самореференциска поезија се карактеризира со тематска иновација и организирани збирки. Во романите, тој е склон кон документарност, натуралистички описи, цитати и ликови на несубверзивни губитници. „Сок од простата“ е првиот македонски постмодернистички еротски роман.“.

    Покрај белетристиката, Павловски остави длабок траг во публицистиката со делата „Бев со нив“, „Судењата како последен пораз“ и капиталните изданија за македонскиот континуитет реализирани со соавторот Мишел Павловски. Добитник е на највисоките државни и еснафски награди, меѓу кои „Климент Охридски“, „Мито Хаџивасилев – Јасмин“, „13 Ноември“, како и наградите за животно дело „Крсте Мисирков“ и од НИП „Нова Македонија“, а одликуван е и со Орден на Републиката со сребрени зраци.

    Прочитај повеќе

    Уапсен маж на Бит Пазар: Запалил плевна во скопско село

    24.06.2026 во 12:05

    Апсење во Македонија – Му влегле дома и веднаш го привеле

    24.06.2026 во 10:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.