Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски: Како Влада почнавме од нула – Македонија денес топ-5 во Европа по раст на БДП

    18.06.2026 во 10:32

    Западен Балкан во фокусот на самитот за транспортни инвестиции во Солун

    18.06.2026 во 10:26

    Кралското семејство донесе конечна одлука: Принцот Џорџ ќе го напушти домот во септември

    18.06.2026 во 10:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Како Влада почнавме од нула – Македонија денес топ-5 во Европа по раст на БДП
    • Западен Балкан во фокусот на самитот за транспортни инвестиции во Солун
    • Кралското семејство донесе конечна одлука: Принцот Џорџ ќе го напушти домот во септември
    • Кампусот на „Мајка Тереза“ добива конечен изглед
    • ВМРО-ДПМНЕ: Ние сме со народот, а СДСМ бега од него
    • Бугарија против ЕУ – не сака санкции против Русите
    • Мицкоски со порака: „Една татковина, една иднина”
    • Верниците го слават Свети Доротеј – Празник на добрината
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Како Влада почнавме од нула – Македонија денес топ-5 во Европа по раст на БДП

    Мицкоски: Како Влада почнавме од нула – Македонија денес топ-5 во Европа по раст на БДП

    18.06.2026 во 10:322 Mins Read
    Христијан Мицкоски
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Поминале речиси две години. Покажавме дека и со скромни ресурси може да се направи многу. Во овој краток период ја направивме Македонија една од петте земји во Европа според растот на БДП, изразен како процент, а постигнавме и историски рекорд од над 1,255 милијарди евра странски директни инвестиции.

    Работиме на шест нови автопати, ги зголемивме пензиите, градиме студентски домови, а за студентите обезбедивме и електронски уреди. Сè што претходната влада го остави како проект или заборавено, ние го реализиравме и го реализираме, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по повод одбележувањето на 36-годишнината од основањето на ВМРО-ДПМНЕ.

    Настанот се одржа вчера во Струмица под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, се вели во соопштението од партијата што МИА го пренесува интегрално.

    Мицкоски во обраќањето нагласи дека Македонија е меѓу првите пет земји во Европа според растот на БДП и повторно го истакна рекордот во странските директни инвестиции. Тој најави и нови капитални инфраструктурни проекти во патната, железничката и здравствената инфраструктура.

    Премиерот најави дека во текот на неделата ќе биде објавен тендер за физибилити студија и техничко решение за патот Радовиш–Струмица, што, како што рече, ќе биде дополнителна вредност на веќе пуштената во употреба болница во Струмица, која, според него, била незавршена четири децении.

    Тој најави и дека следува реконструкција на Владата, додавајќи дека од утре ќе почне да работи на ова прашање, по завршувањето на промените во партијата и новото кадровско екипирање.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Западен Балкан во фокусот на самитот за транспортни инвестиции во Солун

    18.06.2026 во 10:26

    Кампусот на „Мајка Тереза“ добива конечен изглед

    18.06.2026 во 10:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.