Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: САД ја намалија помошта за Македонија бидејќи знаат со кого си имаат работа
    • Перпарим Бајрами не се чувствува виновен за Лотарија
    • Фатен бегалец од Идризово
    • Секој 4ти Македонец работи во странска фирма – тие прават над третина од сите пари во Македонија
    • Заменик министерот Димитровски од Софија: Бугари во Устав не е проблем
    • Утре и задутре ново прскање против комарци во Скопје
    • Глобален форум за тутун и никотин 2026: Иднината на никотинските производи меѓу науката, регулативата и одржливоста
    • Во понеделник вонредна дератизација во скопски Центар по наездата на стаорци
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Манасков: СДСМ нуди бесплатен факултет и ваучери од 2.000 евра за секој матурант

    Манасков: СДСМ нуди бесплатен факултет и ваучери од 2.000 евра за секој матурант

    16.06.2026 во 11:292 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Образовниот систем денес е распарчен, бирократизиран и брутално партизиран, а законите што се носат нанесуваат сериозни штети врз квалитетот на образованието, изјави денеска Јованче Манасков од Комисијата за образование на СДСМ на прес-конференција.

    Манасков посочи дека средното и високото образование станале класна бариера каде што успеваат само оние со подлабок џеб. Според него, во програмата „Твоја држава – твоја шанса”, опозициската партија нуди нов пристап и конкретни решенија кои предвидуваат систем во кој учениците нема да учат само за тест, туку за стекнување реално знаење.

    Како клучна мерка за матурантите, СДСМ најави воведување на парична поддршка за дефицитарните и современите струки на пазарот на труд.

    „Ќе обезбедиме ваучер од 2.000 евра за секој матурант за обуки за програмирање, вештачка интелигенција и зелени технологии – за да имаат пристап без финансиски трошок до најдобро платените работни места“, изјави Манасков.

    Во делот на високото образование, партијата предвидува целосно бесплатни студии на државните универзитети, со цел факултетот да не претставува товар за семејниот буџет. Дополнително, се планира секој ученик да добие бесплатен персонален систем за учење базиран на вештачка интелигенција.

    Платформата содржи и концепт за трансформација на факултетите во хабови за доживотно учење, каде граѓаните од сите возрасти ќе можат да добијат бесплатни „микро-квалификации“. Како поддршка за овој процес, предвидено е воведување дигитален пасош на знаење со државни ваучери наменети за преквалификација во текот на кариерата.

    На прес-конференцијата беше ставен акцент и на материјалниот статус на просветните работници, со ветување за значително покачување на нивните месечни примања во јавниот сектор.

    „Платата на наставникот да стане највисока во јавниот сектор, со најмалку 25% повисока од просечната нето плата во државата“, потенцираше Манасков.

    Прочитај повеќе

    Филипче: САД ја намалија помошта за Македонија бидејќи знаат со кого си имаат работа

    18.09.2026 во 13:37

    ВМРО-ДПМНЕ за Филипче: „Сам призна дека неговите студенти имаат катастрофално знаење“

    18.09.2026 во 09:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.