Close Menu
Press24
    Најново

    Најмасовна еко-акција во регионот: Собрани 684.777 килограми отпад

    16.06.2026 во 11:06

    Знаењето не е само оценка во дневник – Летен камп за средношколци во Скопје

    16.06.2026 во 11:04

    Ревизија утврди: На Врховен му фалат половина судии – Вработените го тужат за 70.000 евра

    16.06.2026 во 11:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Најмасовна еко-акција во регионот: Собрани 684.777 килограми отпад
    • Знаењето не е само оценка во дневник – Летен камп за средношколци во Скопје
    • Ревизија утврди: На Врховен му фалат половина судии – Вработените го тужат за 70.000 евра
    • Исчезна 17-годишна девојка од Македонија во Штутгарт
    • МВР изврши претрес: Му влегле дома и веднаш го привеле
    • Изгореа 60 продавници во трговскиот центар „Енјуб“ во Нов Белград, повредени тројца пожарникари
    • Се обидел да раздели тепачка, па завршил со убодни рани во болница – крвава драма во регионот
    • Иванов: Стабилизација на економијата и раст на инвестициите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Најмасовна еко-акција во регионот: Собрани 684.777 килограми отпад

    Најмасовна еко-акција во регионот: Собрани 684.777 килограми отпад

    16.06.2026 во 11:062 Mins Read
    „Генералка викенд“
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Со собрани 684.777 килограми отпад и учество на 70.688 граѓани, над 600 организации, повеќе од 250 државни институции, училишта од целата држава и бројни компании, заврши шестото издание на еко-акцијата „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“, која важи за најмасовна еколошка иницијатива во земјава и на Балканот.

    Во рамки на годинашното издание, реализирано од 8 до 10 мај, беа спроведени повеќе од 600 акции за чистење и 1.900 едукативни активности „Еко час“ во 81 општина низ државата.

    За шест години постоење, иницијативата има мобилизирано над 170.000 граѓани и собрани вкупно 2,2 милиони килограми отпад, прераснувајќи од локална акција во национално движење за заштита на животната средина.

    „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“ е организирана од „Мен енд Маунтен“, во соработка со повеќе партнери, меѓу кои Пакомак, Нула Отпад, Саубермахер, Пивара Скопје, ЕВН, Шпаркасе банка, ИУТЕ, Макстил, КАЗ Груп, Црвен крст, ЗЕЛС, Министерството за образование и наука, општини, невладини организации и државни институции.

    По завршувањето на акцијата, отпадот е собран и соодветно депониран преку локалните комунални претпријатија, додека селектираниот отпад како пластика, лименки и хартија е подигнат од „Пакомак“, а електронскиот отпад од „Нула Отпад“.

    Организаторите посочуваат дека најголемата вредност на иницијативата не се само бројките, туку подигнувањето на свеста и заедничкото делување на граѓаните, институциите и компаниите за почиста животна средина.

    Во рамки на проектот, во соработка со Министерството за образование и наука и УНИЦЕФ, е имплементирана и образовната програма „Еко час“, преку која десетици илјади ученици стекнале знаења за екологија и циркуларна економија преку практични активности.

    Just In
    Прочитај повеќе

    Знаењето не е само оценка во дневник – Летен камп за средношколци во Скопје

    16.06.2026 во 11:04

    Ревизија утврди: На Врховен му фалат половина судии – Вработените го тужат за 70.000 евра

    16.06.2026 во 11:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.