Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пресврт по неуспешната егзекуција: Криста Пајк се разбуди од кома, свесна е и зборува во болница
    • Безбедносна тревога во Софија: Бугарската претседателка Илијана Јотова свика седница на Советот за национална безбедност
    • 39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово
    • Гостивар: Мајка си го пријавила синот во полиција
    • Крвава пресметка во Идризово: Избоден затвореник пренесен на клиника
    • Му забодел нож во гради на колегата – Детали за крвавата пресметка меѓу возачите на автобуси на кружен тек во Белград
    • Полицијата заплени 94 графички картички без документи кај скопјанец
    • Скопјанец со мотоцикл удрил полицаец откако му дал знал за запирање
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ажурирана Стратегијата за регионален развој – фокус на демографските промени

    Ажурирана Стратегијата за регионален развој – фокус на демографските промени

    12.06.2026 во 10:002 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Собранието ги усвои предложените измени и дополнувања на Стратегијата за регионален развој за периодот 2021–2031 година, со што се обезбедува нејзино усогласување со актуелните демографски и развојни состојби во државата, како и со Националната развојна стратегија 2024–2044, информираат од Министерството за локална самоуправа.

    Министерот Златко Перински, пред Комисијата за локална самоуправа и Законодавно-правната комисија, во своето излагање истакна дека целта на измените е Стратегијата да стане пооперативна, пофункционална и поефикасна алатка за постигнување на стратешките цели, преку поддршка на полицентричен развој и намалување на регионалните диспаритети.

    Стратегијата за регионален развој претставува основен долгорочен плански документ со кој се утврдуваат принципите, стратешките цели и приоритетите на политиката за рамномерен регионален развој, како и мерките, инструментите и финансиските механизми за нивна реализација.

    Согласно Законот за рамномерен регионален развој, на средината од периодот на спроведување се врши тековно оценување со цел да се согледаат постигнатите резултати, предизвиците во имплементацијата и потребата од прилагодување на предвидените мерки.

    Предложените измени се темелат на наодите од спроведеното оценување и имаат за цел да ја зголемат применливоста и ефикасноста на Стратегијата. Во рамки на ревизијата се направени интервенции во делови каде мерките се покажале како тешко спроведливи, се обезбедува поголема усогласеност со идните развојни политики и се воведуваат нови мерки во области каде е утврдена потреба од дополнителни активности.

    Дополнително, со измените се врши усогласување со резултатите од Пописот на населението од 2021 година, со што новата демографска слика се интегрира во процесот на планирање и спроведување на политиките за рамномерен регионален развој.

    Измените и дополнувањата се резултат на сеопфатен консултативен процес во кој беа вклучени надлежните институции и релевантните чинители кои учествуваат во нејзината имплементација.

    Влада
    Прочитај повеќе

    39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово

    06.10.2026 во 23:23

    Гостивар: Мајка си го пријавила синот во полиција

    06.10.2026 во 23:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.