Целиот регион е зафатен од нестабилно време, проследено со локални врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер.
Во местото Владимирци во Србија вчера, по удар на гром, избувнал помал пожар во семејна куќа.
Според првичните информации, во инцидентот нема повредени лица.

На местото веднаш биле упатени противпожарни и спасувачки екипи, кои со брза интервенција го ставиле пожарот под контрола и спречиле негово понатамошно ширење.
Од УХМР за денеска најавија променливо облачно и посвежо време во Македонија со овремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат проследени со грмежи. На одделни места се очекува нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град.
Ќе дува засилен северен ветер, а долж Повардарието повремено и силен, со брзина поголема од 60 километри на час. Минималната температура ќе се движи од 10 до 17 степени, додека максималната значително ќе опадне и ќе биде во интервал од 20 до 27 степени Целзиусови.

