Close Menu
Press24
    Најново

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Андоновски од Сеул: Вештачката интелигенција не смее да биде привилегија само на богатите држави
    • Маск ги ограничи сателитските услуги за Украина
    • Хорор за скопјанка: Екс-партнерот ја истепал и ја оставил без телефон и паричник
    • Дневен хороскоп: Финансиите во фокус за Овните, нови можности за Девиците
    • Пожар по полноќ во Аеродром – Пожарна и полиција веднаш на терен
    • Семејна драма во Македонија: Ја истепал сопругата па сам се пријавил во полиција
    • Чад ја обви Струмица, пожарникарите на терен: Пожарот на депонијата сè уште бара интервенција
    • 155 години од раѓањето, 120 од смртта: Македонскиот КИЦ во Софија организира вечер посветена на Даме Груев
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Законите што ќе овозможат изградба на дата центри без дебата го поминаа првиот собраниски филтер

    Законите што ќе овозможат изградба на дата центри без дебата го поминаа првиот собраниски филтер

    11.06.2026 во 19:222 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Разговор Скопје – Софија на највисоко ниво утре во бугарската престолнина. Претседателките на двете држави Гордана Сиљановска-Давкова и Илијана Јотова ќе се сретнат на маргините на самитот на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ). Според агендата, средбата треба да се одржи во попладневните часови.

    Додека шефицата на државата го крши мразот на највисоко ниво откако Бугарија конечно доби стабилна, легитимна влада, на министерско ниво во Софија нема да има средба, иако во македонската делегација е и министерот Тимчо Муцунски, кој ќе биде дел од министерскиот состанок.

    Премиерот претпазлив. Вели, не знае што да очекува од утрешната средба. Рече, резултатите од работата на Владата полека доаѓаат.

    „Тоа што е наша стратегија за реализирање на овие цели полека се случува. Се разбира дека јавно нема да зборувам многу за деталите. Така што, да сумирам, јас не знам што би можел да очекувам. Како човек очекувам да имаме добрососедски односи со сите соседи, како претседател на Влада ќе сторам сѐ што е во наша моќ, прво да го заштитам интересот на граѓаните, да го заштитам идентитетот и интересот на државата. И второ, нормално, да градам добрососедски односи со сите наши соседи на основа на принципот на двонасочна улица“, изјави Мицкоски.

    Средба Сиљановска-Давкова – Јотова се реализира во исклучително специфичен период кога на маса се наоѓа најновиот француско-германски нон-пејпер. Овој нов модел нуди систем на постепена интеграција на земјите од Западен Балкан каде што секој постигнат реформски напредок дома носи предвремен пристап до Единствениот европски пазар и пристап до програми, многу пред официјалното членство. Француско-германскиот предлог сепак не ги заобиколува уставните измени, кои остануваат услов за Македонија да ги користи овие бенефити.

    Паралелно со преговорите, во Брисел се актуелизираше и прашањето за позицијата на Македонците во Бугарија. Европската слободна алијанса во Европскиот парламент усвои Резолуција поднесена од ОМО Илинден-Пирин.

    Со овој документ се нотира дека македонското малцинство во Бугарија се соочува со систематско негирање и неможност за правна регистрација на здруженијата, па затоа се бара Бугарија официјално да се извини за злосторствата врз Македонците за време на комунизмот.

    Прочитај повеќе

    Андоновски од Сеул: Вештачката интелигенција не смее да биде привилегија само на богатите држави

    21.10.2026 во 09:19

    Хорор за скопјанка: Екс-партнерот ја истепал и ја оставил без телефон и паричник

    21.10.2026 во 09:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.