Права драма се случувала утрово во бањалучката населба Лауш, каде само поради среќни околности нема жртви по две последователни силни детонации на фрлени експлозивни направи во отпад.
Експлозијата се активирала откако комуналните работници го подигнале контејнерот, без ништо претходно да укажува дека внатре има опасни материјали.
Еден од вработените кои биле на смена, во изјава за АТВ детално го опиша критичниот момент на детонацијата.
„Го испразнивме контејнерот, а само неколку моменти подоцна се случи силна експлозија, а потоа уште една. Имаше две детонации. Беше навистина страшно. За среќа, никој од нашите колеги не е повреден бидејќи експлозијата се случила во камионот. Дури подоцна видовме дека покривот на возилото е целосно деформиран“, изјавил работникот за ATV.
На терен во моментов се наоѓаат припадници на полицијата и членови на Републичката администрација за цивилна заштита кои ја обезбедуваат околината.
Полициската истрага која е во тек треба да утврди кој ги фрлил експлозивите во канерот за комунален отпад и со каков вид на воена опрема или пиротехника е предизвикан овој сериозен инцидент.

