Close Menu
Press24
    Најново

    Од правосудство до енергетика: Во Собранието денеска седници на седум комисии

    11.06.2026 во 07:52

    Сонце и многу топло, па голем пресврт – УХМР најавува обилни врнежи, град и грмежи

    11.06.2026 во 07:45

    Вежбањето го стимулира мозокот и ги подобрува когнитивните способности

    10.06.2026 во 23:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Од правосудство до енергетика: Во Собранието денеска седници на седум комисии
    • Сонце и многу топло, па голем пресврт – УХМР најавува обилни врнежи, град и грмежи
    • Вежбањето го стимулира мозокот и ги подобрува когнитивните способности
    • Градоначалникот Јорданов: Нема простор за паника – сите сме мобилизирани
    • На помош доаѓаат пожарникари од Свети Николе и Кочани
    • ЦУК со детали: Беснее пожар во Штип – поради ветрот широко се проширил
    • ВИДЕО од големиот пожар во Штип
    • Голем пожар над Штип – градоначалникот свика итна прес-конференција
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Од правосудство до енергетика: Во Собранието денеска седници на седум комисии

    Од правосудство до енергетика: Во Собранието денеска седници на седум комисии

    11.06.2026 во 07:523 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во Собранието денеска седници ќе одржат седум комисии: Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, Комисијата за образование, наука и спорт, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, Комисијата за финансирање и буџет, Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, како и Законодавно-правната комисија.

    Пред членовите на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање ќе се најдат Предлог-законот за дополнување на Законот за електронските комуникации, Предлог-законот за изменување на Законот за урбанистичко планирање и Предлог-законот за дополнување на Законот за градење. Сите точки се предложени по скратена постапка.

    Комисијата за образование, наука и спорт ќе расправа за Предлог-законот за основање Факултет за медицински науки и здравство во рамки на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола.

    На дневниот ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се повеќе законски измени, меѓу кои измените и дополнувањата на Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, измените на Законот за Судскиот совет, Законот за судовите и дополнувањата на Законот за договорен залог. Сите предлози се доставени по скратена постапка.

    Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе ги разгледува измените и дополнувањата на Законот за земјоделското земјиште, измените на Законот за шумите и измените и дополнувањата на Законот за основање на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, по скратена постапка. Пред членовите ќе биде и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за зоотехника, во прво читање.

    На седницата на Комисијата за финансирање и буџет ќе се разгледуваат Предлог-законот за продажба на станови во државна сопственост доделени на користење на вработени во Министерството за внатрешни работи, по скратена постапка, како и Извештајот за работата на Комисијата за хартии од вредност за 2025 година.

    Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика ќе расправа за измените и дополнувањата на Законот за технолошки индустриски развојни зони, Законот за индустриски зелени зони, измените на Законот за енергетска ефикасност и измените и дополнувањата на Законот за угостителската дејност. На дневен ред е и Статутот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (прва фаза).

    Законодавно-правната комисија ќе ги разгледува сите законски предлози што се наоѓаат пред останатите комисии, вклучително и законите од областа на електронските комуникации, урбанистичкото планирање, градењето, правосудството, земјоделството, енергетиката и угостителството. На дневен ред се и Предлог-законот за основање Факултет за медицински науки и здравство во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, измените на Законот за зоотехника во прво читање, како и Статутот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (прва фаза).

    Just In
    Прочитај повеќе

    Сонце и многу топло, па голем пресврт – УХМР најавува обилни врнежи, град и грмежи

    11.06.2026 во 07:45

    Градоначалникот Јорданов: Нема простор за паника – сите сме мобилизирани

    10.06.2026 во 23:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.