Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) го објави најновиот пресек на температурите измерени вечерва во 20 часот низ мерните станици во Македонија.
Податоците покажуваат значително освежување во однос на попладневните часови, иако во неколку градови живата во термометарот сè уште е блиску до 28 степени.
„Измерена температура во 20 часот!“
Според официјалната табела, највисока температура во 20 часот е измерена во Скопје, поточно на Зајчев Рид (27.8C}) и Петровец (27.2C), како и во Велес каде беа регистрирани 26.7C.
Најниски вредности и вистинско планинско освежување вечерва има на Попова Шапка (14.4C), Крушево (17.0 C) и Лазарополе (17.1C).

