На 07.06.2026 година во 12:05 часот во СВР Скопје, Р.Д. (70) од Скопје пријавила дека на 06.06.2026 околу 21:30 часот во влез од зграда на подрачјето на Центар била физички нападната од две лица.
Како што пријавила, едно од лицата употребило тврд предмет, по што ѝ бил одземен паричник со пари.
Од надлежните органи се преземаат мерки за расчистување на случајот.

