Close Menu
Press24
    Најново

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ќе спиеме еден час повеќе – За неколку дена ги враќаме стрелките на часовникот
    • Нема листи на чекање во градинките во Центар – проблем останува недостигот од кадар
    • Хорор го потресе светот – Мајка се обидела да ги убие своите две деца и сопругот
    • Македонската полиција влезе во домот на младо момче – Веднаш го приведе
    • ВРЕДИ: Нови можности за студентите, библиотеката „Кочо Рацин“ добива универзитетски статус
    • Трамп застана на страната на Русија – го брани Путин
    • Три дена одмор пред нас: УХМР со временска за продолжениот викенд
    • Се очекува температурата да падне до -40 степени – Градовите во оваа земја веќе се покриени со снег
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Судење за пожарот во „Пулс“: Документите за контроли во Кочани биле со лажни потписи

    Судење за пожарот во „Пулс“: Документите за контроли во Кочани биле со лажни потписи

    08.06.2026 во 15:372 Mins Read
    ФОТО: Press24
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Дискотеката „Пулс“, но и други објекти во градот Кочани, не биле опфатени во плановите за надзор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), беше посочено на продолжението на судењето за катастрофалниот пожар во кочанската дискотека.

    Во судницата денеска беа презентирани планови за квартални инспекциски контроли, годишни програми и службени документи на ДЗС, потпишани со името на Шабан Салиу, кој од 2012 до 2017 година ја извршуваше директорската функција во институцијата.

    Поранешниот директор Салиу бурно реагираше во судницата по увид во презентираните докази.

    Салиу реагираше дека дел од потписите на документите не се негови, иако на нив стои неговото име како директор.

    Обвинителството во своите зборови посочи дека во 2015 година Кочани воопшто немало назначен инспектор, што се докажува од годишните програми и распоредот. И покрај ваквата состојба, инспектори од Скопје истата година извршиле надзор само врз еден деловен субјект со низок ризик, што од страна на обвинителот беше оценето како класична селективност.

    Во делот на угостителските објекти, програмата за периодот од 2012 до 2014 година предвидувала надзор исклучиво врз поголеми хотели, ресторани и мотели, додека кафулињата и дискотеките во Кочани повторно останале целосно надвор од плановите.

    Александар Наунов од здружението „16 Март“ по завршувањето на денешното рочиште оцени дека процесот отвора уште посериозни дилеми за функционирањето на системот.

    „Денес во судница слушнавме одбрана дека дел од потписите не биле на обвинетиот. Иако на документите стоело неговото име како директор, остана впечаток дека најголемото прашање повеќе не е кој ја водел институцијата, туку кој го држел пенкалото“ – истакна Наунов.

    Тој додаде дека евентуалното фалсификување на потписи во државна институција покажува тотално отсуство на внатрешна контрола.

    „Ако некој можел да става туѓ потпис, да поминуваат планови и извештаи без знаење на раководството, тогаш прашањето е каде била контролата. Директорската функција не е рамка за име на документ, таа носи одговорност за тоа што излегува од институцијата“ – нагласи Наунов.

    Според него, јавноста оправдано се прашува чиј бил потписот, кој го дозволувал тоа и како таквата пракса можела да трае со години.

    Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна на 16 март 2025 година, при што животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени со тешки изгореници, по што се отворија сериозни прашања за безбедносните стандарди.

    Прочитај повеќе

    Ќе спиеме еден час повеќе – За неколку дена ги враќаме стрелките на часовникот

    21.10.2026 во 10:22

    Нема листи на чекање во градинките во Центар – проблем останува недостигот од кадар

    21.10.2026 во 10:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.