Close Menu
Press24
    Најново

    Малолетник нападнат во Скопје – напаѓачот употребил и остар предмет

    04.06.2026 во 08:10

    Инцидент кај депонијата Дрисла

    04.06.2026 во 08:08

    Ќе нема струја до 15 часот – Најавени исклучувања низ Скопје

    04.06.2026 во 08:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Малолетник нападнат во Скопје – напаѓачот употребил и остар предмет
    • Инцидент кај депонијата Дрисла
    • Ќе нема струја до 15 часот – Најавени исклучувања низ Скопје
    • АХВ одбележува 15 години постоење – Во фокус безбедноста на храната
    • Во МОН потпишување договори за 14 научно-истражувачки проекти со Австрија
    • Во Скопје почнува јавната дебата за новата стратегија за развој на туризмот
    • Собранието расправа за законите за високи раководители и правична застапеност
    • УХМР со предупредување: Силно невреме со град, ветер и грмотевици
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » АХВ одбележува 15 години постоење – Во фокус безбедноста на храната

    АХВ одбележува 15 години постоење – Во фокус безбедноста на храната

    04.06.2026 во 08:00Updated:04.06.2026 во 08:132 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска организира настан по повод 15-годишнината од своето основање и одбележувањето на 7 Јуни – Светскиот ден на безбедноста на храната, кој годинава се одржува под мотото „Од товар до решенија – Безбедна храна насекаде“.

    Настанот е посветен на унапредувањето на системот за безбедност на храната, здравјето и благосостојбата на животните, како и на заштитата на јавното здравје. Во фокусот ќе бидат и современите пристапи и решенија за справување со актуелните предизвици во овие области.

    Воведни обраќања ќе имаат директорот на АХВ, Оливер Миланов, и заменик-претседателот на Владата задолжен за политички систем, Љупчо Димовски.

    На присутните ќе им бидат презентирани и видео-пораки од претставници на Европската агенција за безбедност на храната (EFSA), Европската комисија и Светската организација за здравје на животните (WOAH).

    Во рамки на настанот ќе се одржат три тематски тркалезни маси посветени на дигитализацијата и современите системи за безбедност на храната, институционалната, научната и регионалната соработка за обезбедување безбедна и квалитетна храна, како и на регионалната координација во областа на здравјето на животните и справувањето со новите закани и болести.

    Од АХВ посочуваат дека настанот ќе обедини претставници на државните институции, меѓународните организации, академската заедница, граѓанскиот сектор и професионалните здруженија од земјата и регионот, со цел размена на искуства и добри практики за натамошно зајакнување на системот за безбедност на храната.

    Just In
    Прочитај повеќе

    Малолетник нападнат во Скопје – напаѓачот употребил и остар предмет

    04.06.2026 во 08:10

    Инцидент кај депонијата Дрисла

    04.06.2026 во 08:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.