Close Menu
Press24
    Најново

    УХМР најави дожд, од утре следува нов топлотен бран

    03.08.2026 во 11:50

    УХМР ги објави температурите измерени во 11 часот – живата на термометарот надмина 32 степени

    03.08.2026 во 11:42

    (ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Грижата за Скопје нема паузи, празници ниту продолжени викенди

    03.08.2026 во 11:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР најави дожд, од утре следува нов топлотен бран
    • УХМР ги објави температурите измерени во 11 часот – живата на термометарот надмина 32 степени
    • (ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Грижата за Скопје нема паузи, празници ниту продолжени викенди
    • МЗ: Епидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна
    • МЗ: Вонреден инспекциски надзор во три болници во Македонија
    • Пеколно утро во Македонија: 25 степени измерени уште во 8 часот
    • Дневен хороскоп: Кои знаци ги чекаат деловни предизвици, а кои финансиски анализи
    • СДСМ: Што навистина му се случило на Мицкоски во Ташмаруништа
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Муцунски: Повторно ќе бидеме први по бројот на испорачани реформи

    Муцунски: Повторно ќе бидеме први по бројот на испорачани реформи

    01.06.2026 во 20:302 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Тимчо Муцунски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и министер за надворешни работи и надворешна трговија, во „Тема на денот“ на телевизија Сител говореше за спроведувањето на реформите од Реформската агенда и очекувањата за нови средства од Планот за раст на Европската Унија. Тој истакна дека Владата посветено работи и изрази уверување дека Македонија повторно ќе биде меѓу најуспешните земји во регионот според бројот на реализирани реформи.

    „Очекувам да спроведеме вкупно од сите рокови кои што ги има, некаде околу 25 реформи. Повторно меѓу земјите од регионот, кои што се дел од Реформската агенда и коишто примаат средства од Планот за раст да имаме спроведено за тој извештаен период најмногу реформи и повторно да добиеме најмногу средства“, вели Муцунски.

    Муцунски апелираше до опозицијата да даде конструктивен придонес и да се вклучи во процесите што произлегуваат од европската агенда.

    „Ова се закони коишто ги носиме по барање на европските институции, закони и подзаконски акти, кои што се за доброто на државата и закони коишто ги подготвуваме заеднички со европските институции“, посочи тој.

    Според него, неконзистентно е опозицијата да зборува за европски вредности и европска интеграција, а истовремено да не ги поддржува законите што произлегуваат од европската агенда во Собранието.

    „Кога ќе дојде редот да ги поддржите законите со европската агенда, да не ги гласате во Собрание и да бегате од работните групи како таа за Изборниот законик, кои што се на ОДИХР, но исто така на барање на европските институции“, потенцираше Муцунски.

    Тој истакна дека Владата посветено ја извршува својата работа и дека граѓаните можат да бидат сигурни оти во следниот извештаен период Македонија повторно ќе биде меѓу водечките земји по бројот на спроведени реформи.

    „Посветено си ја вршиме работата, во текот на денешниот ден имаше повторно средба во Владата, посветена на ова прашање и граѓаните нека бидат сигурни дека во следниот извештаен период, повторно ќе биде прва и по бројот на испорачани реформи и по обемот на средствата кои што ќе ги добиеме од планот за раст“, заврши Муцунски.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Што навистина му се случило на Мицкоски во Ташмаруништа

    03.08.2026 во 10:42

    ВМРО-ДПМНЕ: Нема да има нови отстапки од идентитетот за евроинтеграциите по ниедна цена

    03.08.2026 во 10:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.