Close Menu
Press24
    Најново

    Како е опишано раѓањето на св. Јован (Иванден) од страна на евангелистот Лука

    07.07.2026 во 23:42

    Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди

    07.07.2026 во 23:17

    Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години

    07.07.2026 во 23:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Како е опишано раѓањето на св. Јован (Иванден) од страна на евангелистот Лука
    • Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди
    • Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години
    • По 25 години – нов етички кодекс за новинарите
    • Фредериксен: Гренланд не е на продажба
    • Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството
    • Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите
    • Конески: Владината мерка за студентско практикантство ќе ги доближи младите до институциите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Грција воведува итни мерки на Евзони за да ги намали километарските колони и чекањето

    Грција воведува итни мерки на Евзони за да ги намали километарските колони и чекањето

    01.06.2026 во 09:022 Mins Read
    Прингскрин: grcka info / Состојбата на ГП Богородица вчеравечер
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Грчките власти најавија воведување на нов пакет мерки чија цел е да се забрза протокот на патници и товарни возила на граничните премини, како и да се намалат долгите задржувања кои во последниот период се бележат на премините Евзони и Кипи. Мерките доаѓаат како реакција на зголемениот интензитет на патен сообраќај, особено со почетокот на туристичката сезона и растечкиот обем на товарен транспорт кон и од Грција.

    Одлуката е донесена на работна средба одржана во Солун, свикана од заменик-министерот за внатрешни работи на Грција, Констандинос Гулекас. На состанокот присуствувале претставници од надлежните институции, безбедносните служби и локалните власти од пограничните региони.

    Главна причина за воведување на новите мерки е значителниот пораст на бројот на патници во текот на летните месеци, како и засилениот товарен сообраќај. Овој зголемен проток создава дополнителен притисок врз инфраструктурата и оперативните капацитети, што резултира со подолги чекања.

    Дополнителен фактор што влијае врз забавувањето на протокот е и воведувањето на новиот европски систем ЕЕС (Entry/Exit System). Овој систем предвидува задолжителна биометриска проверка при влез и излез од земјите на Шенген зоната, што во пракса доведува до подолги процедури на премините.

    Грчкиот министер за заштита на граѓаните, Михалис Хрисохоидис, истакнал дека Грција е должна целосно да ги почитува и применува европските регулативи, вклучително и новиот систем, без можност за нивно одложување или заобиколување. Тој нагласил дека безбедносните стандарди на Европската Унија се приоритет, и дека сите земји членки мора да обезбедат нивна доследна примена.

    Во исто време, министерот посочил дека веќе пристигнале реакции и поплаки од некои соседни држави, меѓу кои Северна Македонија и Србија, токму поради зголемените задржувања на границите и подолгото време на чекање за влез во Грција. Овие реакции, според него, ќе бидат разгледани во рамки на регионалната соработка.

    Со најавените мерки, јужниот сосед очекува подобра организација на работата на граничните премини, поефикасно управување со сообраќајните текови и намалување на гужвите во шпицот на летната туристичка сезона.

    Прочитај повеќе

    Трагедија во Солун: 23-годишна девојка од Македонија пронајдена мртва во стан

    07.07.2026 во 12:11

    Работници пронашле коски под такси-постојка – Полицијата започна итна истрага во Сараево

    07.07.2026 во 10:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.