Напади со беспилотни летала врз три танкери беа пријавени денес во Црното Море во близина на северниот брег на Турција, соопшти агенцијата за бродови „Трибека“.
Првиот пријавен инцидент се случил на десетици километри оддалеченост од копното.
„Танкерот ‘Џејмс II’, кој пловел под знамето на Палау и во баласт, бил околу 80 километри северно од областа Туркели во Црното Море кога се случил инцидентот“, соопшти агенцијата, пренесува Ројтерс.
Покрај ова возило, во истиот регион на мета на беспилотните летала се нашле уште два други брода кои вршеле заедничка активност.
Танкерите „Алтура“ и „Велора“, кои пловеле под знамето на Сиера Леоне и во баласт, наводно биле нападнати во блиската област додека вршеле операција „брод-до-брод“.
Веднаш по добивањето на информациите, на терен биле упатени спасувачки тимови од турските служби со цел да се осигура безбедноста.
Бродови за крајбрежна безбедност беа испратени на местото на настанот за да помогнат и сите членови на екипажот на танкерите се наводно во добра состојба.
Засега нема информации кој стои зад инцидентот, бидејќи ниту една земја веднаш не ја презеде одговорноста за пријавениот напад.

