Close Menu
Press24
    Најново

    Сообраќајна несреќа направи хаос на излезот од Скопје: Километарски колони и голем застој кај Глумово

    14.07.2026 во 20:42

    Средба Ѓорѓиевски-Хоџа: Заедничка акција за почиста животна средина

    14.07.2026 во 20:28

    Вардар беше блиску до сензација: Ова не е крајот на европската приказна

    14.07.2026 во 20:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сообраќајна несреќа направи хаос на излезот од Скопје: Километарски колони и голем застој кај Глумово
    • Средба Ѓорѓиевски-Хоџа: Заедничка акција за почиста животна средина
    • Вардар беше блиску до сензација: Ова не е крајот на европската приказна
    • Бојковска: Блокада на ИЗ од СДС, ДУИ и Левица доаѓа токму во моменти кога на Македонија и се дава шанса за напредок во ЕУ
    • Трамп се откажа од таксата од 20% за Ормускиот Теснец, воведува целосна блокада само за Иран
    • Нафтата повторно поскапе по блокадата на Ормутскиот теснец
    • Два се сѐ уште активни: До 18 часот регистрирани девет пожари на отворено
    • Петрушевски: Падна монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонија и Хрватска потпишаа Меморандум за енергетика, во Охрид се бараат нови инвестиции

    Македонија и Хрватска потпишаа Меморандум за енергетика, во Охрид се бараат нови инвестиции

    26.05.2026 во 15:282 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска и нејзиниот хрватски колега, министерот за економија на Република Хрватска, Анте Шушњар, денеска во Охрид го потпишаа Меморандумот за разбирање и соработка во енергетскиот сектор меѓу двете земји.

    Потпишувањето беше реализирано во рамките на работниот дел од посетата на висока хрватска делегација на земјава, предводена од премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ.

    Официјалниот дел од посетата донесе и потпишување на Договор меѓу Владата на Хрватска и на Македонија за стратешка соработка, кој беше парафиран од двајцата премиери, Христијан Мицкоски и Андреј Пленковиќ.

    Активностите во Охрид беа заокружени со Бизнис форум каде пред претставниците на македонската и хрватската бизнис заедница беа презентирани можностите за реализација на нови проекти и инвестиции во енергетскиот сектор.

    Министерката Божиновска во своето обраќање пред стопанствениците стави посебен акцент на геополитичкиот контекст на овој договор.

    „ Енергетиката денес е една од најважните стратешки области за Европа и за целиот регион. Војната во Украина, како и случувањата на Блискиот Исток, јасно покажаа дека енергетската сигурност повеќе не е само економско, туку и геополитичко и безбедносно прашање. Затоа, државите кои знаат да соработуваат, да инвестираат и да градат заеднички инфраструктурни проекти, ќе бидат посилни, постабилни и поотпорни на идните предизвици“, истакна министерката Божиновска во своето обраќање на Форумот.

    Денешниот меморандум се потпира врз стратешката определба на Македонија за членство во ЕУ, а се повикува на обврските од Договорот за Енергетска заедница за постепено усогласување со европското законодавство.

    Главната цел на соработката меѓу двете министерства е зајакнување на енергетската безбедност, интеграција на обновливите извори на енергија и транзиција кон нискојаглеродни системи, како и регулаторна конвергенција со правилата на Унијата.

    Од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини на крајот посочија дека ќе продолжат со проширување на регионалната соработка со цел воспоставување стабилен и сигурен енергетски систем.

    Прочитај повеќе

    Бојковска: Блокада на ИЗ од СДС, ДУИ и Левица доаѓа токму во моменти кога на Македонија и се дава шанса за напредок во ЕУ

    14.07.2026 во 19:44

    Петрушевски: Падна монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ

    14.07.2026 во 18:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.