Во првиот квартал од годинава, вкупниот број превезени патници во патничкиот патен превоз изнесува 9.348.000 и е намален за 5 проценти во споредба со истиот период од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Бројот на патници е намален во градскиот превоз за 4,7 проценти и во приградскиот за 8,8 проценти, додека зголемување е евидентирано во меѓуградскиот превоз за 9,2 проценти и во меѓународниот превоз за 1,3 проценти.
Вкупниот број на патнички километри изнесува 248.568.000 и бележи пораст од 0,3 проценти. Намалување е забележано во градскиот, приградскиот и меѓународниот превоз, додека меѓуградскиот превоз бележи раст од 7,7 проценти.

