Close Menu
Press24
    Најново

    И ја однеле чантата полна пари и документи – Уште една жена ограбена во Скопје

    09.07.2026 во 09:17

    Македонски Концепт бара тргање на „Северна“ од внатрешна употреба

    09.07.2026 во 09:09

    Филипче: Пензионерите се украдени – Државата нема пари за плати и социјална помош

    09.07.2026 во 09:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • И ја однеле чантата полна пари и документи – Уште една жена ограбена во Скопје
    • Македонски Концепт бара тргање на „Северна“ од внатрешна употреба
    • Филипче: Пензионерите се украдени – Државата нема пари за плати и социјална помош
    • Тројца функционери од Македонија спречени да влезат во Албанија – Биле задржани на Ќафасан
    • Горештините попуштија, УХМР ги измери температурите во 8 часот – Пред нас ново невреме
    • Ѓорѓиевски: Нема да дозволам поединци да го грдат лицето на Скопје, одговорност ќе има
    • Тажна вест: Почина истакнат македонски професор во пензија
    • Жена ограбила друга жена во Скопје
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Осум пријави за семејно насилство за едно деноноќие, татковци, браќа и партнери напаѓале со дрвени и тврди предмети

    Осум пријави за семејно насилство за едно деноноќие, татковци, браќа и партнери напаѓале со дрвени и тврди предмети

    24.05.2026 во 13:303 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пет лица лишени од слобода за семејно насилство од вкупно осум пријави во последното деноноќие

    На 23.05.2026 во 19:45 часот во Пробиштип, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода И.А.(46 од Пробиштип, постапувајќи по претходна пријава дека околу 18:00 часот физички го нападнал неговиот брат С.А., при што употребил и дрвен предмет.

    На 23.05.2026 во 23:35 часот ул.„11 Септември“ во Кичево, полициски службеници го лишија од слобода Ќ.А.(43) од кичевско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 22-годишна поранешна партнерка дека околу 21:42 часот во Кичево физички ја нападнал.

    На 23.05.2026 во 23:00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена пријави дека во 18:30 часот во семејниот дом на подрачјето на Центар во Скопје, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот 35-годишен сопруг, при што му возвратила. Подоцна, на 24.05.2026 во 01:00 часот, 35-годишниот маж пријави дека 23.05.2026 во семејниот дом, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговата 33-годишна сопруга.

    На 23.05.2026 во 19:44 часот во СВР Скопје, 35-годишна жена пријави дека на 17.05.2026 околу 20:00 часот во стан на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје со тврд предмет била нападната од нејзиниот партнер С.М..

    На 23.05.2026 во 21:00 часот во СВР Тетово, 51-годишник од тетовско село пријавил дека на 20.05.2026 во дворот од семејната куќа, неговиот брат С.Ј. физички го нападнал соствениот син и му се заканувал нему затоа што се обидел да го одбрани детето.

    На 23.05.2026 во 11:45 часот полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Д.Џ.(40) од Битола. Имено, според пријавеното, на 23.05.2026 во 07:40 часот во СВР Битола 17- годишна битолчанка пријавила дека од страна на нејзиниот дечко била физички нападната при што се здобила со тешки телесни повреди.

    На 23.05.2026 година во 21.15 часот полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода В.Б. од Крива Паланка затоа што физички го нападнал неговиот 65 годишен татко.

    На 23.5.2026 во 15:40 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода В.Л.(42) од Неготино, постапувајќи по претходна пријава од неговата 19-годишна ќерка дека во семејниот дом физички ја нападнал и ѝ се заканувал. Според пријавеното, таа и нејзиниот малолетен брат секојдневно трпеле физичко и психичко насилство од него. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител, Центарот за социјални работи Неготино и издадено му е Решение од Основен суд Неготино со изречени мерки за отстранување од домот и забрана за приближување до домот на жртвата во времетаење од 15 дена.

    Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

    Прочитај повеќе

    И ја однеле чантата полна пари и документи – Уште една жена ограбена во Скопје

    09.07.2026 во 09:17

    Тажна вест: Почина истакнат македонски професор во пензија

    09.07.2026 во 08:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.