Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Вучиќ: Грижете се во чии раце ќе биде иднината на Србија
    • Маж очекувал девојка, а се појавил маскиран напаѓач – Брутален обид за убиство во Белград
    • Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата
    • Фатална грешка со вештачка интелигенција: Инцидент со товарен брод за малку ќе предизвикаше војна меѓу САД и Кина
    • Викенд хороскоп: Ѕвездите носат неочекувани страсти и пресврти
    • Трамп ги исфрла медиумите од Белата куќа
    • Целата земја остана без струја – колапс во електроенергетската мрежа
    • Путин напиша 3+2 на состанокот, човекот на Трамп не ја сфати пораката
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Македонија нема и не смее да биде повторно жртва на политиките на Филипче и неговиот ментор Заев

    ВМРО-ДПМНЕ: Македонија нема и не смее да биде повторно жртва на политиките на Филипче и неговиот ментор Заев

    22.05.2026 во 09:292 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонија нема и не смее да биде повторно жртва на политиките на Венко Филипче и неговиот ментор Зоран Заев, кои заради личен спас и амнестија се подготвени повторно да водат политики на сервилност и да ги распродаваат државните интереси, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

    „Венко Филипче знае и му е јасно дека без поддршка од надвор и без слугување на туѓи интереси и агенди нема политичка иднина во Македонија.

    Венко Филипче знае дека има катастрофален личен рејтинг, партија која се распаѓа и нема личен кредибилитет. Токму затоа единствен механизам кој му останува на Филипче е сервилност и слугување на туѓи агенди од кои очекува поддршка за да дојде на власт и да ја зачува фотелјата на Бихачка.

    Филипче отворено нуди нови национални понижувања, нови отстапки и трговија со државните интереси само поради лична корист.

    Македонија и граѓаните веќе еднаш ја платија цената на поданичките политики на СДС и цената на владеењето на СДС со корупција, криминал, понижувања и ставање на државата во подредена состојба на меѓународен план.

    Народот не им верува на СДС и затоа нема да дозволи истите луѓе како Заев и Филипче кои го сменија името, го понижија народот и кои ветуваа европска иднина што никогаш не ја испорачаа повторно да ги лажат. Филипче и СДС да престанат да ја потценуваат интелигенцијата на македонските граѓани.

    Македонија не смее да биде држава на уценети политичари кои се спремни за личен спас да ја распродадат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    (ФОТО) Манасиевски: Жерновски повторно забележан со „Мерцедесот“ на братучедот и непрописно паркиран

    18.09.2026 во 17:44

    Левица: Влегуваме во битка со намалувањето на боледувањата

    18.09.2026 во 14:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.