Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски за Законот за игрите на среќа: Ставаме ред и дисциплина, државата не може да наликува на Лас Вегас

    17.05.2026 во 12:16

    Мицкоски: Со продолжувањето на мерките за ДДВ и акцизите, Македонија останува со најниски цени на горивата

    17.05.2026 во 12:02

    СЗО прогласи меѓународна јавно-здравствена криза поради ебола во ДР Конго и Уганда

    17.05.2026 во 11:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски за Законот за игрите на среќа: Ставаме ред и дисциплина, државата не може да наликува на Лас Вегас
    • Мицкоски: Со продолжувањето на мерките за ДДВ и акцизите, Македонија останува со најниски цени на горивата
    • СЗО прогласи меѓународна јавно-здравствена криза поради ебола во ДР Конго и Уганда
    • Милошоски: Тандемот Абази-Коларевиќ го заташка случајот „Мазут“ тежок 167 милиони евра по насоки од Ахмети, Заев и Филипче
    • Филипче со иронични честитки до Мицкоски за победата на Бугарија на Евровизија
    • Манасиевски: Не постои бугарско барање кое Венко Филипче нема да го исполни за да дојде на власт
    • СДСМ: Мицкоски, Сиљановска и Муцунски ги признаа придобивките од договорите, сега на ред се уставните измени
    • Го пријавил татко му: 19-годишник убил од Бојане со пиштол убил 18-годишник соселанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски за Законот за игрите на среќа: Ставаме ред и дисциплина, државата не може да наликува на Лас Вегас

    Мицкоски за Законот за игрите на среќа: Ставаме ред и дисциплина, државата не може да наликува на Лас Вегас

    17.05.2026 во 12:162 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска за време на посетата на Виница даде појаснување во врска со новиот закон за игри на среќа, нагласувајќи дека примарна цел на новата регулатива е ставање крај на хаосот и заштита на граѓаните од штетните општествени појави. Според премиерот, досегашниот систем дозволил неконтролирано ширење на објекти кои директно влијаеле врз зголемувањето на семејните и човечките несреќи.

    Владата со овој закон воведува строги ограничувања за рекламирањето и изгледот на овие објекти низ македонските градови.

    „Имаме чувство дека државата полека но сигурно наликуваше на Лас Вегас. Буквално на секој чекор гледавме дуќани во кои со силни светлечки реклами се рекламира овој тип на среќа, пред се, мислам на казината и коцкањето и некако како правило до нив веднаш имате канцеларија за брзи кредити, па веднаш до нив имате заложувалница. Тоа е некако еден систем, којшто мораме да го регулираме… Со овој закон се регулира оваа дејност. Повеќе нема да има таков тип на реклами коишто привлекуваат внимание. Со овој закон, свесни за последиците, можеби и за фискалниот ефект, но ние цениме дека со овој закон мора да се стави ред и дисциплина во игрите на среќа и дека не може државата да наликува на Лас Вегас.“

    Премиерот остро ги отфрли обвинувањата од страна на Асоцијацијата на игри на среќа дека законот бил донесен во нетранспарентна процедура и дека ќе предизвика отпуштања или отворање на нелегален пазар во земјата.

    „Не би се согласил со оваа констатација. Мислам дека законот беше донесен ултратранспаретно. Беа повикани буквално сите засегнати страни да учествуваат во неговата изработка. Нормално е дека ние не можеме да се усогласиме 100 проценти со оние што се дел од тој бизнис во моментот бидејќи тие имаат свој интерес. Ние го штитиме интересот на државата и граѓаните. Не мислам дека ќе има нелегални приредувања на игри на среќа и не мислам дека ќе се изгубат работни места. Едноставно се става дисциплина и поинаков лик, поинаква перцепција ќе имаат македонските градови.“

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Со продолжувањето на мерките за ДДВ и акцизите, Македонија останува со најниски цени на горивата

    17.05.2026 во 12:02

    Милошоски: Тандемот Абази-Коларевиќ го заташка случајот „Мазут“ тежок 167 милиони евра по насоки од Ахмети, Заев и Филипче

    17.05.2026 во 11:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.