Close Menu
Press24
    Најново

    Божиновска од Атина: Ниту една земја не може сама да се справи со енергетските предизвици

    15.05.2026 во 12:30

    Дурмиши за новите мерки: Директно им помагаме на домашните компании да инвестираат во нова опрема и модернизација

    15.05.2026 во 12:25

    (ВИДЕО) Манасиевски: Заев започна со бришење на терминот „македонски’’, Филипче е спремен на тоа празно место да напише „северномакедонски’’

    15.05.2026 во 12:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Божиновска од Атина: Ниту една земја не може сама да се справи со енергетските предизвици
    • Дурмиши за новите мерки: Директно им помагаме на домашните компании да инвестираат во нова опрема и модернизација
    • (ВИДЕО) Манасиевски: Заев започна со бришење на терминот „македонски’’, Филипче е спремен на тоа празно место да напише „северномакедонски’’
    • Голем финансиски пресврт: Овие четири хороскопски знаци ќе имаат најмногу пари во летото 2026 година
    • Младите во Гази Баба добија решенија за субвенции од 10.000 денари за возачки испит
    • РКЕ донесе строги правила за кибербезбедност: Енергетските компании имаат рок од 30 дена да назначат службеници за заштита
    • Македонија ја зафаќа силно невреме: УХМР со аларм за пороен дожд, силен ветер и град
    • Уапсен началникот на белградската полиција
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Божиновска од Атина: Ниту една земја не може сама да се справи со енергетските предизвици

    Божиновска од Атина: Ниту една земја не може сама да се справи со енергетските предизвици

    15.05.2026 во 12:302 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска денеска учествуваше на заедничката министерска средба со министрите за енергетика на Република Грција, Република Србија и Република Бугарија, Ставрос Папаставру, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ и заменик-министерот Кирил Темелков, којашто се одржа во Атина, Грција. Станува збор за средба која е единствена во ваков формат, а која е фокусирана на регионалното енергетско поврзување и зацврстување на соработката меѓу земјите од регионот на полето на енергетиката.

    Министрите ја нагласија потребата од понатамошна меѓусебна соработка во регионот како катализатор на инфраструктурните развојни планови , пазарната интеграција во делот на гас и електрична енергија, флексибилноста и сигурноста во снабдувањето. Се разговараше на техничко ниво со владините претставници и систем операторите за гас и електрична енергија.

    Беше потенцирана одличната соработка помеѓу систем операторите на четирите земји , со дополнително барање да се интензивираат нивните контакти и продлабочи нивната соработка во понатамошниот период.

    На крајот од состанокот во духот на понатамошна соработка беше договорено да се прошират работните групи со Србија и Македонија со цел да работат поефективно во насока на градење поврзана, поотпорна, одржлива регионална енергетска рамка, усогласена со целите на Европската енергетска унија.

    При тоа, министерката Божиновска ја истакна важноста и потребата од координација во однос на инфраструктурата, пазарите и политиките, оценувајќи ја како клучна за изградба на поотпорен и поконкурентен енергетски систем во Југоисточна Европа.

    „Денешната дискусија доаѓа во важен момент за нашиот регион. Југоисточна Европа се наоѓа во сложена енергетска транзиција, каде што сигурноста на снабдувањето, интеграцијата на пазарите и декарбонизацијата мора да напредуваат заедно.

    Македонија целосно ја споделува оваа визија. Ние сме посветени на зајакнување на енергетската безбедност преку диверзификација, забрзување на интеграцијата на обновливите извори на енергија и усогласување со внатрешниот енергетски пазар на ЕУ“, нагласи министерката Божиновска на средбата со колегите од регионот, додавајќи дека ниту една земја не може сама да се справи со овие предизвици.

    Прочитај повеќе

    (ВИДЕО) Манасиевски: Заев започна со бришење на терминот „македонски’’, Филипче е спремен на тоа празно место да напише „северномакедонски’’

    15.05.2026 во 12:23

    РКЕ донесе строги правила за кибербезбедност: Енергетските компании имаат рок од 30 дена да назначат службеници за заштита

    15.05.2026 во 12:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.