Close Menu
Press24
    Најново

    Николоски: Товарните возови надвор од Скопје – Почист воздух и побрз карго сообраќај

    08.07.2026 во 10:07

    Во три смени се чисти и мие – Скопје исчистено од над 82 илјади тони комунален отпад

    08.07.2026 во 10:03

    Утринска драма во Штип: Багер удрил во куќа додека семејството спиело

    08.07.2026 во 09:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Николоски: Товарните возови надвор од Скопје – Почист воздух и побрз карго сообраќај
    • Во три смени се чисти и мие – Скопје исчистено од над 82 илјади тони комунален отпад
    • Утринска драма во Штип: Багер удрил во куќа додека семејството спиело
    • Нападната малолетничка од „СОС Детско Село“
    • СДСМ: Мицкоски ја укина техничката влада на сила а сега сака модел за кражба на гласови
    • ВМРО-ДПМНЕ: На Македонија и се случува градежен бум невиден во поновата историја на државата
    • Левица: Актуелниот изборен модел ги краде гласовите
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Левица се против полесно гласање на дијаспората
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » АПИС со писмен став за новиот Предлог закон за игри на среќа

    АПИС со писмен став за новиот Предлог закон за игри на среќа

    15.05.2026 во 10:043 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Потенцираме дека заштитата на младината од евентуална зависност од игри на среќа е наш врвен приоритет и затоа демонстрираме крајно конструктивен пристап.

    Нашите членки, кои се претставници на реномирани светски брендови од оваа индустрија, водат постојана кампања за подигнување на јавната свест под мотото „Забрането за малолетни лица – 100 % законски“. Во тој контекст одредбите од предлогот за минимизирање на светлечките реклами на објектите и забраната за рекламирање во периодот од 06 часот наутро до 22 часот навечер содржини за промоција, за нас се прифатливи.

    Што се однесува до повторното актуелизирање на дистанцирањето на објектите како наводно решение и во овој предлог закон, како Асоцијација сме категорично против и за тоа ќе дадеме следните издржани аргументи:

    Прво, дистанцата на одреден бизнис е дискриминаторска и уставно-спорна одредба. Со темелните вредности на македонскиот устав се предвидува „слобода на пазарот и претприемништвото“ и оттука крајно спорно е државата да воведува законски ограничувања кои немаат карактер на фиксна рамка, бидејќи не може да се предвидат одредени идни околности во моментот на издавање на лиценца. Имено, дистанца од 500 метри во 2027 може да не биде 500 метри во 2029 година.

    Второ, дистанцата од 500 метри е законска одредба која ќе ги затвори легалните објекти за игри на среќа. Дистанцата не може да се спроведе во пракса со опстојување на легалните објекти за игри на среќа. Потврда за ова е признанието на актуелниот градоначалник на Чаир за еден медиум, кој за новиот предлог закон изјави: „Според фактичката состојба, на пример во мојот Чаир можеби нема да има ниту еден објект за игри на среќа, бидејќи каде и да се свртиш има училиште. Но, и во другите општини ќе има ист ефект“. Затоа, владините претставници не треба да го сокриваат овој ноторен факт дека предлогот значи затворање на еден легален економски сектор.

    Трето, дистанцата на легалните објекти за игри на среќа со образложение дека така се заштитува младината, не оди заедно со одредбата со која државата го задржува правото да организира интернет игри на среќа. Младината преку мобилните уреди ќе може од било каде да ја следи или да игра на државната онлајн платформа за игри на среќа. Оттука, дистанцата нема никаков рационален ефект ниту оправдување.

    Уште еднаш повторуваме дека дистанцата не само што не е решение туку ќе создаде хаос во општеството. Затворањето на легалните објекти за игри на среќа, како што се случи и во Албанија, ќе предизвика отворање на објекти на црно по подруми каде младината ќе биде лесна цел. Државата ќе изгуби најмалку 350 милиони евра годишен прилив во Централниот Буџет што во моментов е најмалку 6 проценти од проектираните приходи. Конечно, со ваков пристап државата од 10 илјади вработени ќе направи 10 илјади невработени кои со своите семејства ќе станат најмалку 35 илјади нови кандидати за иселеници во западните земји. Да не зборуваме што штета ќе имаат и 54 до 100 илјади други работни места кои индиректно значително ползуваат од овој економски сектор. Албанскиот Премиер не случајно ја прекина тамошната четиригодишната забрана на легалните игри на среќа со образложение дека почнале да никнуваат диви играчници како печурки а нивниот државен Буџет изгубил значителни приходи.

    Бараме од Собранието да покаже висока демократска свест. Без јавна расправа, без да се чуе мислењето на експертската јавност, секое продолжување на постапката за носење на овој Предлог закон за игри на среќа ќе биде штетен преседан кој ќе предизвика тешки правно-финансиски последици. Актуелните приредувачи на игри на среќа како најголем работодавец во земјата имаат право да бараат нивниот глас да се слушне. Нема да дозволиме заради дневно политички цели да се разгради актуелниот систем на игри на среќа, кој е еден од најстрого регулираните во регионот и пошироко.

    Прочитај повеќе

    Николоски: Товарните возови надвор од Скопје – Почист воздух и побрз карго сообраќај

    08.07.2026 во 10:07

    Во три смени се чисти и мие – Скопје исчистено од над 82 илјади тони комунален отпад

    08.07.2026 во 10:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.