Close Menu
Press24
    Најново

    Утринска драма во Штип: Багер удрил во куќа додека семејството спиело

    08.07.2026 во 09:52

    Нападната малолетничка од „СОС Детско Село“

    08.07.2026 во 09:46

    СДСМ: Мицкоски ја укина техничката влада на сила а сега сака модел за кражба на гласови

    08.07.2026 во 09:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Утринска драма во Штип: Багер удрил во куќа додека семејството спиело
    • Нападната малолетничка од „СОС Детско Село“
    • СДСМ: Мицкоски ја укина техничката влада на сила а сега сака модел за кражба на гласови
    • ВМРО-ДПМНЕ: На Македонија и се случува градежен бум невиден во поновата историја на државата
    • Левица: Актуелниот изборен модел ги краде гласовите
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Левица се против полесно гласање на дијаспората
    • СДСМ: Мицкоски сака да направи манипулација со 200.000 гласови од дијаспората
    • Сиљановска во Анкара: Најсилна е Европа која живее во мир и демократија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Подгответе се за невреме: Следува пороен дожд, град, ветер и грмежи

    Подгответе се за невреме: Следува пороен дожд, град, ветер и грмежи

    15.05.2026 во 09:041 Min Read
    ФОТО: Пресс24
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Променливо облачно време со сончеви периоди и локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер нè очекува во текот на денешниот ден.

    Според синоптичарите, температурите ќе останат релативно пријатни. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната од 20 до 26 степени.

    Во Скопје и околината ќе преовладува слично време, со услови за краткотрајни врнежи.

    „Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, а во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер“, велат од УХМР.

    Во главниот град минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 24 степени.

    Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. Локално ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во сабота се очекуваат поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m2), грмежи, засилен до силен ветер (над 70 кm/h) и услови за појава на град. Во недела ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

    Прочитај повеќе

    Утринска драма во Штип: Багер удрил во куќа додека семејството спиело

    08.07.2026 во 09:52

    Нападната малолетничка од „СОС Детско Село“

    08.07.2026 во 09:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.