Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени на горивата – дизелот е поскап

    28.09.2026 во 09:30

    Регулаторна одлучи: Поскап бензин – значително поевтин дизел

    28.09.2026 во 14:21

    Најстудениот македонски град утрово: Само малку над нулата

    28.09.2026 во 09:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Убиецот од Нагоричани призна три од четири убиства – судењето продолжува
    • Штипјанец го пријавил својот син во полиција
    • Делови од Општина Центар утре ќе останат без вода
    • Усмртил диво животно во период кога ловот е забранет – неготинчанец кривично ќе одговара
    • МВР до возачите со возила со странски таблици: Може да проверите дали имате казна и веднаш да ја платите
    • Акција во Скопје: Приведени повеќе лица под сомнение за тероризам
    • Нова трагедија ја потресе Македонија – загина возач на товарно возило
    • Утринските близу нулата – УХМР со најнова прогноза за цела недела
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » И Тошковски шокиран од одлуката за затворање на постапката за мазут

    И Тошковски шокиран од одлуката за затворање на постапката за мазут

    14.05.2026 во 19:262 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, упати остри критики по одлуката на Обвинителството за гонење организиран криминал да ја запре истрагата за случајот „Мазут“. Во интервју за телевизија Канал 5, Тошковски јавно го изрази своето незадоволство, нагласувајќи дека акцијата на МВР била спроведена во целосна координација со обвинителите.

    „Шокиран сум од плитко спроведената постапка“

    Министерот потенцираше дека одлуката за запирање на истрагата, образложена со „недостиг на докази“, е во спротивност со напорите што ги вложил тимот на МВР.

    „Јас сум шокиран и разочаран од одлуката на Обвинителството, исто како што е шокирана целата македонска јавност. Во никој случај не смее да има тивок обид на затворање на една ваква постапка од страна на Обвинителството“, изјави Тошковски.

    Вели дека конечно е дојдено време ваков потенцијален криминал каков што е направен во овој случај да не биде затворен со, како што рече, плитко спроведени постапка. 

    – По информациите што ги имам добиено од луѓе кои се дел од овој процес не сметам дека е постапено максимално професионално и во насока на утврдување на правилната фактична состојба се со цел да се разоткрие она што е правено. Ни оддалку не сметам дека е доловена фактичната состојба, рече Тошковски. 

    Според Тошковски, овој случај се уште не е затворен. – Ќе види јавноста во следниот период за што точно сум сакал да поентирам од аспект на фактична состојба којашто МВР неспорно ја има утврдено изминатиот период во насока на остварување на право и правда, рече Тошковски.

    Прочитај повеќе

    Убиецот од Нагоричани призна три од четири убиства – судењето продолжува

    28.09.2026 во 16:04

    Штипјанец го пријавил својот син во полиција

    28.09.2026 во 15:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.