Официјален ветеринар на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) доцна попладнево спроведе вонреден надзор во скопската зоолошка градина каде вчера вечер беше згрижено диво животно заловено во скопската населба Козле.
Врз основа на искуство во работата со диви животни и спроведениот стручен преглед на физичката градба на заловеното животно и неговото однесување, како и на проверка на други важни факти за утврдување на неговиот вид, од страна на официјалниот ветеринар потврдено е дека станува збор за диво животно од видот волк.
Дополнително, ќе се утврдува и тековниот здравствен статус на заловеното диво животно и ќе се решава за натамошните постапки во врска со него.
- Жена ќе одговара за „насилство врз дете“
- Андоновски: Дијаспората треба електронски да гласа
- Украинскиот министер за спорт со жесток напад до МОК: Дојдете да видите како се тренира под руски бомби
- Приведен 26-годишник, осомничен е за убиство на поранешната британска министерка
- Џенифер Лопез на модната недела во Париз се појави со сестра ѝ
- Малолетник ја украл картичката од неговиот дедо
- Трамп прифати нови преговори со Техеран, но прогласи крај на примирјето со Иран
- ЕК: Мета со Инстаграм и Фејсбук го крши Законот за дигитални услуги

