Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени на горивата – дизелот е поскап

    28.09.2026 во 09:30

    Регулаторна одлучи: Поскап бензин – значително поевтин дизел

    28.09.2026 во 14:21

    Најстудениот македонски град утрово: Само малку над нулата

    28.09.2026 во 09:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тошковски: Борбата против дрогата не завршува со заплена, мора да се следат и финансиските текови
    • Меџити: Бошњаците се важен дел од Чаир – среќен празник
    • Милошоски на средба со Ворд: Принципиелна поддршка од Ирска за евроинтеграциите на Македонија
    • Муцунски на „Тема на денот“ на Сител: Стратешкото партнерство со САД носи конкретни политички и економски резултати
    • Од Скопје до Оземпик: Научната приказна за истражувачката Светлана Мојсов
    • Три знаци кои се со жесток карактер и бурни реакции
    • Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени злосторства против Тачи
    • Петмина осомничени на распит поради терористички заговор во близина на американска база во Британија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски во Туманец: Македонците во Албанија се нераскинлив дел од нашето национално ткиво, матицата нема да ве заборави

    Мицкоски во Туманец: Македонците во Албанија се нераскинлив дел од нашето национално ткиво, матицата нема да ве заборави

    10.05.2026 во 14:552 Mins Read
    ФОТО: Facebook/Hristijan Mickoski
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со македонското малцинство во соседна Албанија, посетувајќи ги Македонците од Туминец, Преспа и Мала Преспа. Преку објава на својот официјален профил на социјалната мрежа Фејсбук, проследена со галерија од фотографии од посетата, тој упати силни пораки за национално обединување и континуирана поддршка од матичната држава.

    Во своето обраќање, Мицкоски нагласи дека на Македонија денес повеќе од сè ѝ е потребно обединување околу вистинските национални интереси, околу иднината на децата и околу почитта кон сопствената историја и достоинството на народот. Тој направи историска паралела, потсетувајќи дека предците не се делеле кога ја бранеле слободата и не прашувале кој од каде е, туку сите заедно стоеле под едно име – Македонија.

    Осврнувајќи се на значењето на македонското малцинство во соседството, тој им оддаде признание на Македонците во Албанија, нарекувајќи ги нераскинлив дел од македонското национално ткиво. Нивната истрајност низ децениите премиерот ја оцени како подвиг достоен за почит, потенцирајќи дека тие успеале да ги сочуваат македонското име, јазикот, традицијата и духот дури и во најтешките времиња.

    „Затоа денес сакам јасно да порачам: Матицата нема да ве заборави. Македонија стои со својот народ каде и да е, со почит, со грижа и со искрена поддршка“, порача Мицкоски, гарантирајќи дека државата останува посветена на грижата за своите сонародници надвор од нејзините граници.

    Прочитај повеќе

    Тошковски: Борбата против дрогата не завршува со заплена, мора да се следат и финансиските текови

    28.09.2026 во 20:51

    Меџити: Бошњаците се важен дел од Чаир – среќен празник

    28.09.2026 во 20:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.