Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Димитриеска-Кочоска од Братислава: Словачките искуства значајни за реформите, дигитализацијата и борбата против сивата економија

    Димитриеска-Кочоска од Братислава: Словачките искуства значајни за реформите, дигитализацијата и борбата против сивата економија

    08.05.2026 во 11:213 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Дигитализацијата на даночните процеси, унапредувањето на управувањето со јавните финансии, анализата на јавните трошоци и продлабочувањето на економската соработка беа теми на разговор на работниот состанок меѓу делегациите на Македонија и Словачка, предводени од министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и министерот за финансии Ладислав Каменицки, што се одржа денеска во рамки на официјалната посета на министерката на Словачка.

    На работната средба на двете делегации се разговараше за тековните макроекономски и фискални состојби, анализата на јавните трошоци и управувањето и евалуацијата на јавните инвестиции, како и за дигиталните алатки во даночниот систем, меѓу кои е-фактура, е-фискализацијата и QR плаќањата.

    „Дозволете ми најнапред да изразам задоволство од денешната средба со мојот колега, министерот за финансии на Словачка, Ладислав Каменицки, како и благодарност за укажаното гостопримство и конструктивниот пристап во разговорите, што претставува уште една потврда за континуираниот и квалитетен дијалог меѓу двете земји и за нашата заедничка посветеност кон продлабочување на економската соработка“, изјави министерката Димитриеска-Кочоска на заедничката прес-конференција.

    Таа посочи дека искуствата на Словачка во делот на дигитализацијата на даночните процеси претставуваат значаен пример за тоа како преку технологија може да се зголеми ефикасноста, транспарентноста и борбата против сивата економија и даночното затајување.

    Како дел од разговорите беше отворенна и темата за процесот на Анализа на трошоците (Spending Review), кој согласно Реформската агенда 2024–2027 во Македонија ќе започне во текот на 2026 година и претставува важен чекор кон поефикасно и потранспарентно управување со јавните финансии.

    „Македонија веќе е во фаза на воведување на системот за е-фактура, при што до крајот на годината очекуваме негова целосна имплементација“, истакна министерката.

    Министерката Димитриеска-Кочоска се осврна и на економските движења во земјата, посочувајќи дека македонската економија во 2025 година оствари раст од 3,5%, поттикнат пред сè од инвестициите и домашната побарувачка, со значителен придонес од инфраструктурните проекти и приватниот сектор. Во однос на економските очекувања за 2026 година, таа посочи дека Владата останува внимателна во услови на глобална неизвесност, но дека проекцијата за раст се темели на инвестициите, структурните реформи и поддршката на приватниот сектор.

    „Нашиот фокус останува јасен – стабилни јавни финансии, поддршка на инвестициите, дигитализација на услугите, борба против сивата економија и подобрување на деловното окружување“, нагласи министерката.

    Таа додаде дека искуствата на Словачка како земја членка на Европската Унија се од особено значење за Македонија, особено во делот на управувањето со јавните финансии и спроведувањето на реформите поврзани со европската интеграција.

    Министерот Каменицки ја истакна подготвеноста на Словачка за размена на искуства и експертиза во областа на јавните финансии, дигитализацијата и реформските процеси, со цел поддршка на економскиот развој и европската интеграција на Македонија.

    Министерката изрази уверување дека соработката меѓу двете земји ќе продолжи да се продлабочува и во наредниот период преку конкретни иницијативи, размена на експертиза и заеднички активности што ќе придонесат за економски развој и подобри услови за граѓаните и бизнисите во двете земји

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.