Илија Гигов од Велес пронашол книшка со 46.000 денари на пат кон училиште, во близина на Стопанска банка, пренесуваат локалните медиуми од Велес. Според информациите, наместо да ја задржи пронајдената сума, Илија веднаш постапил одговорно.
Најпрво ги известил своите родители, а потоа случајот го пријавиле во полиција, покажувајќи зрелост и високо чувство за чесност и морал и покрај неговата млада возраст. Благодарение на неговата брза реакција и правилна постапка, парите биле пронајдени и вратени кај вистинскиот сопственик.
Случајот е оценет како редок и позитивен пример кој ја нагласува важноста на воспитувањето, одговорноста и човечноста кај младите. Како што пренесуваат локалните медиуми од Велес, овој настан оставил силен впечаток во јавноста и претставува потсетник дека чесноста сè уште постои и се негува меѓу најмладите.

