Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени на горивата – дизелот е поскап

    28.09.2026 во 09:30

    Регулаторна одлучи: Поскап бензин – значително поевтин дизел

    28.09.2026 во 14:21

    Најстудениот македонски град утрово: Само малку над нулата

    28.09.2026 во 09:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Убиецот од Нагоричани призна три од четири убиства – судењето продолжува
    • Штипјанец го пријавил својот син во полиција
    • Делови од Општина Центар утре ќе останат без вода
    • Усмртил диво животно во период кога ловот е забранет – неготинчанец кривично ќе одговара
    • МВР до возачите со возила со странски таблици: Може да проверите дали имате казна и веднаш да ја платите
    • Акција во Скопје: Приведени повеќе лица под сомнение за тероризам
    • Нова трагедија ја потресе Македонија – загина возач на товарно возило
    • Утринските близу нулата – УХМР со најнова прогноза за цела недела
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Тензии во судницата за „Пулс“: Адвокатката на првообвинетиот тврди дека му е загрозен животот

    Тензии во судницата за „Пулс“: Адвокатката на првообвинетиот тврди дека му е загрозен животот

    04.05.2026 во 11:311 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ започна со остри реакции од одбраната. Адвокатката Ивана Коцевска, која го застапува првообвинетиот Дејан Јованов-Деко, побара во записник да бидат нотирани закани упатени кон неговиот живот на претходното судење.

    Според одбраната, дел од оштетените бурно реагирале при барањето за укинување на притворот.

    „Пуштете го ние да му пресудиме“, се зборовите кои наводно биле извикувани во судницата.

    Адвокатката Коцевска реагираше и на, како што рече, „селективноста на мерките за обезбедување присуство, како и селективноста на прогон“ на Обвинителството. Таа предложи исклучување на јавноста за заштита на обвинетите.

    „Изнесувам предлог за крајно неопходно исклучување на јавноста со оглед дека судот е должен да обезбеди ред и заштита на правата на обвинетите“, рече Коцевска.

    Судијката Дијана Груевска-Илиевска појасни дека досега закани не се нотирани и дека прво ќе се оди со опомени. Обвинителството, пак, го оцени предлогот за исклучување на јавноста како незаконит.

    Судот денеска ги одби барањата за укинување на мерките за обезбедување на Беким Хаџиу и Тодор Јованов, додека двајца сведоци се прогласени за недостапни. Процесот продолжува со сослушување на директорот на Институтот за судска медицина, Александар Станков.

    Прочитај повеќе

    Убиецот од Нагоричани призна три од четири убиства – судењето продолжува

    28.09.2026 во 16:04

    Штипјанец го пријавил својот син во полиција

    28.09.2026 во 15:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.