Close Menu
Press24
    Најново

    Хорор ја стресе Македонија: 14-месечно дете се затруло од средство за чистење

    11.06.2026 во 17:39

    Во Владата состанок за реформската агенда

    11.06.2026 во 17:34

    Сериозен пожарот во Штип: Едно лице е повредено – ер трактор гасне од воздух

    11.06.2026 во 17:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Хорор ја стресе Македонија: 14-месечно дете се затруло од средство за чистење
    • Во Владата состанок за реформската агенда
    • Сериозен пожарот во Штип: Едно лице е повредено – ер трактор гасне од воздух
    • Драматично во Штип: Беснее нов голем пожар, има повредено лице
    • Започна локално невреме во источна Македонија: Дожд и грмежи јужно од Берово
    • Судење за пожарот во „Пулс“: Обвинителството презентираше докази за агенцијата „Рубикон“, одбраната тврди дека нема вина
    • Дурмиши ги повика компаниите да аплицираат за државна поддршка: Рокот е до 15 јуни
    • Трагедија на експресниот пат Прилеп – Градско: Две лица загинаа, едно во тешка состојба
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Мицкоски се подготвува да ги внесе Бугарите во Уставот

    СДСМ: Мицкоски се подготвува да ги внесе Бугарите во Уставот

    02.05.2026 во 09:272 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Заменик-министерот за надворешни работи Зоран Димитровски во телевизиска емисија изјави дека Заедничката историска комисија меѓу Македонија и Бугарија редовно одржува средби, велат од СДСМ.

    „Како никој за ова не знаеше?

    Како се состанува, цело време веќе две години, а тоа се крие од јавноста?

    Што прават ако не договараат внесување на Бугарите во Уставот?

    Христијан Мицкоски вчера повторно ветуваше дека „во јуни ќе ги реши сите реформски прашања“ и дека „наскоро од Брисел ќе стигне вест дека Македонија е рамо до рамо со Црна Гора“ по прашањето на европските интеграции.

    Основното и клучно прашање кое Европа го бара од Македонија е внесување на малцинствата во Уставот, односно Бугарите. Европа е јасна: без тоа – нема напредок. Ова го повтори и Томас Вајц во своето последно интервју.

    Ако Мицкоски сега вели дека „ќе ги реши сите реформски прашања во јуни“, тогаш е сосема јасно, ќе ги внесе Бугарите во Уставот.

    Доказ за тоа е и фактот дека Историската комисија повторно се состанува, а никој од граѓаните за тоа не знае.

    Кога комисијата работи, значи дека Мицкоски тивко се подготвува за она што јавно го негираше.

    Останува само едно отворено прашање:

    Дали Мицкоски повторно ќе клекне, овојпат пред своите гласачи, молејќи за прошка?

    Списокот на неговите лаги станува се подолг.

    Лажеше дека ќе го поништи Преспанскиот договор.

    Лажеше дека ќе го врати името.

    Сите ги нарекуваше „бугарофили“ и „предавници на македонскиот идентитет“.

    Јавно велење дека „нема отстапување ниту милиметар“ и дека „Бугарите никогаш нема да влезат во Уставот додека тој е премиер“.

    Сега, кога се подготвува да го стори токму тоа – дали е „мекотел“?

    Дали е предавник?

    Мицкоски за другите зборува се она што самиот е.

    Граѓаните јасно гледаат: тој не води држава. Тој ја води својата криминална организација и се обидува да ги сокрие сопствените лаги.

    СДСМ останува на ставот дека малцинствата треба да се внесат во Уставот и да се продолжи патот кон ЕУ.

    Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!“, стои во соопштението од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Парламентарни избори ќе има „многу скоро“

    11.06.2026 во 13:54

    Цветановска: Нудиме неповратни грантови за сушари и загарантиран приход за сточарите

    11.06.2026 во 13:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.