Close Menu
Press24
    Најново

    Лефков: Филипче е специјален бугарски пратеник, подготвен е веднаш да прифати уставни измени под диктат

    10.06.2026 во 11:56

    Пеколни температури рано наутро во Македонија – еве во кои градови веќе не се диши

    10.06.2026 во 11:50

    Двајца скопјани украле „Голф“, полицијата ги уапси на граница при влез во државата

    10.06.2026 во 11:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Лефков: Филипче е специјален бугарски пратеник, подготвен е веднаш да прифати уставни измени под диктат
    • Пеколни температури рано наутро во Македонија – еве во кои градови веќе не се диши
    • Двајца скопјани украле „Голф“, полицијата ги уапси на граница при влез во државата
    • Ирански ракети и дронови ги нападнаа американските бази во Јордан, Кувајт и Бахреин – Техеран се закани со уште пожесток удар
    • Пристигнуваат милиони од Брисел: Сали ги презентираше реформите – ЕУ ни одобри највисок износ на пари на Балканот
    • Перински пред Комисијата за локална самоуправа: Развојот не смее да се концентрира само во еден регион
    • Муцунски: Западен Балкан мора да се интегрира во ЕУ за стабилност и развој
    • Јаневска со честитка до учениците: Вложувавме во подобри услови за настава и работа
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Огњеновиќ: МВР користи израелски софтвер „Пегазус“ за шпионирање на граѓаните и опозицијата

    Огњеновиќ: МВР користи израелски софтвер „Пегазус“ за шпионирање на граѓаните и опозицијата

    30.04.2026 во 13:122 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Петар Огњеновиќ, денеска на прес-конференција упати сериозни обвинувања до министерот Панче Тошковски и МВР за користење на шпионскиот софтвер „Пегазус“. Според партијата, овој систем овозможува целосен пристап до камерите, микрофоните и пораките на телефоните на сите граѓани во државата.

    Од СДСМ велат дека „Пегазус“ е развиен од израелската компанија NSO Group и служи за таен надзор, а во светот често се злоупотребува против критичари на властите.

    „После Black Cube, приватниот Мосад, за тајно снимање, следење и фабрикување афери Мицкоски и ВМРО-OKG одат чекор понатаму: воведуваат државен шпионски софтвер против сопствените граѓани. Мицкоски сега го копира тој авторитарен модел. После Орбановите медиуми, после Black Cube, сега доаѓа Pegasus, тотална контрола над граѓаните, а пред сè над СДСМ и претседателот Венко Филипче“, изјави Огњеновиќ.

    Партијата тврди дека ваквата практика е директно кршење на Уставот и Европската конвенција за човекови права, нагласувајќи дека МВР наместо да ги штити, ги шпионира граѓаните.

    СДСМ упати три клучни барања до власта:

    • Веднаш да се обелодени кој го купил Pegasus, колку чини и против кого се користи.
    • Независна истрага за злоупотребата на софтверот од страна на МВР.
    • Оставка од Панче Тошковски.

    „Демократијата не е компатибилна со Pegasus. Граѓаните на Македонија заслужуваат слобода, а не шпионирање 24 часа на ден“, порачаа од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Лефков: Филипче е специјален бугарски пратеник, подготвен е веднаш да прифати уставни измени под диктат

    10.06.2026 во 11:56

    Перински пред Комисијата за локална самоуправа: Развојот не смее да се концентрира само во еден регион

    10.06.2026 во 11:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.