Close Menu
Press24
    Најново

    СДСМ: Мицкоски продава приказни , исполнети се само 2 од 10 приоритети на Европската комисија

    30.04.2026 во 09:28

    Прочитајте пред да одите на технички преглед: МВР воцеде новини при регистрација на возилата

    30.04.2026 во 09:11

    Ќе нема струја до 14 часот – Проверете дали сте на списокот за исклучувања

    30.04.2026 во 09:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ: Мицкоски продава приказни , исполнети се само 2 од 10 приоритети на Европската комисија
    • Прочитајте пред да одите на технички преглед: МВР воцеде новини при регистрација на возилата
    • Ќе нема струја до 14 часот – Проверете дали сте на списокот за исклучувања
    • Муцунски во Загреб: Стратешко партнерство со Хрватска и забрзување на евроинтеграциите
    • Собранието на „жешко столче“: Опозицијата денеска ќе поставува прашања до Владата
    • Подгответе се: УХМР за денеска најави дожд, снег и силен ветер; познато кога се очекува стабилизација
    • Календар на МПЦ: Утре се слави голем светител
    • Астро-прогноза за мај: Овие четири знаци мора да исполнат важна задача за да го „отклучат“ успехот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Мицкоски продава приказни , исполнети се само 2 од 10 приоритети на Европската комисија

    СДСМ: Мицкоски продава приказни , исполнети се само 2 од 10 приоритети на Европската комисија

    30.04.2026 во 09:283 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Христијан Мицкоски денеска повторно се обидува да ја продаде приказната дека „владата прави реформи и сè е супер“. Реалноста е сосема спротивна. Според Европската комисија и реформската агенда, од 10 клучни приоритети кои треба да се исполнат до јуни 2026 година: Само 2 точки се целосно исполнети. 8 точки се уште отворени или делумно исполнети, се вели во соопштението од СДСМ.

    „Еве го точниот список и колку е исполнето:

    1.  Уставни измени – внесување на Бугарите и другите малцинства во Уставот
→ Неисполнето (ова е услов без кој нема отворање на поглавја).

    2.  Реформа на правосудството – нови закони за Судскиот совет и Јавното обвинителство, препораки на Венецијанската комисија
→ Неисполнето.

    3.  Борба против корупција – имплементација на GRECO препораки, независност на антикорупциските тела
→ Неисполнето.

    4.  Јавна администрација – закони за државни службеници, топ-менаџмент, департизација
→ Неисполнето.

    5.  Финансиско управување – Organic Budget Law, внатрешни финансиски контроли (PIFC)
→ Неисполнето.

    6.  Енергетска транзиција – пазар на електрична енергија, ослободување на цените, план за обвнова
→ 2–3 чекори неисполнети.

    7.  Дигитализација – eIDAS, сајбер безбедност, електронски документи
→ 3 од 4 исполнети (најдобар резултат, но сепак не целосно).

    8.  Државни претпријатија – подобрување на корпоративно управување
→ Неисполнето.

    9.  Човечки капитал – реформи во образование, пазар на труд, намалување на сива економија

    → Неисполнето.

    10.  Медиуми и фундаментални права – независност на медиуми, заштита на малцинства
→ Неисполнето.

    Прашањето до Мицкоски е едноставно и јасно:

    Како планирате да затворите 8 отворени точки за еден месец, кога за само 2 точки ви беа потребни две години?

    Само да ни каже:

    Дали ќе ги внесе Бугарите во Уставот?

    Како ќе ги „затвори“ медиумите кога 40% од медиумскиот простор е во рацете на Орбановата мрежа и неговите луѓе?

    Ќе се бори против корупцијата – што значи ќе се уапси себе си и своите соработници?

    Реформи во правосудството? Како кога ги постави сите свои луѓе во судството и обвинителството.

    Департизација? Кога цела администрација е наполнета со сопруги, тетки, стрикоци и партиски послушници на ВМРО?

    Надворешна финансиска контрола? Кога се склучени 141, 72 и 52 тендери без никаква контрола?

    А Пошта – за сателитската партија ЗНАМ?

    Граѓаните заслужуваат вистински одговор, а не нови бајки и самофалби.

    Мицкоски може да продолжува да си раскажува дека „сè е супер“.

    Ние ја кажуваме вистината: Македонија стои во место поради неговата политика на блокада, лаги и заштита на партиски и лични интереси.

    Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!“, велат од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Муцунски во Загреб: Стратешко партнерство со Хрватска и забрзување на евроинтеграциите

    30.04.2026 во 09:03

    Собранието изгласа серија закони: Јавните претпријатија ќе добиваат концесии

    29.04.2026 во 19:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.