Close Menu
Press24
    Најново

    Николова: Интерпелацијата за Трипуновски е гласот на илјадници земјоделци и нивните семејства

    10.06.2026 во 20:24

    Лефков до Бочварски: На интерпелацијата сакате да наметнете амнестија за вашата неработа, а сте се потпишале сите поранешни министри од владата на СДС

    10.06.2026 во 19:52

    Кадровско освежување во општинските комитети – избрани над 30 нови претседатели на ОК на ВМРО-ДПМНЕ

    10.06.2026 во 19:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Николова: Интерпелацијата за Трипуновски е гласот на илјадници земјоделци и нивните семејства
    • Лефков до Бочварски: На интерпелацијата сакате да наметнете амнестија за вашата неработа, а сте се потпишале сите поранешни министри од владата на СДС
    • Кадровско освежување во општинските комитети – избрани над 30 нови претседатели на ОК на ВМРО-ДПМНЕ
    • Цветков: Трипуновски направи хаос во земјоделството- ниту една реформа, само купови криминални скандали
    • Петрушевски до Петровска: Единствено што направивте за земјоделието е бизнисот со марихуана кој го добиваа луѓе од вашата партија
    • Скопската вода е безбедна за пиење
    • Татко од Велес подолг период ги малтретирал и тепал неговите ќерки
    • Петкоска до Тренчевска: Го оставивте земјоделството во хаос,  а министерот Трипуновски ви боде очи затоа што е нон стоп на терен помеѓу луѓето
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Муцунски во Загреб: Стратешко партнерство со Хрватска и забрзување на евроинтеграциите

    Муцунски во Загреб: Стратешко партнерство со Хрватска и забрзување на евроинтеграциите

    30.04.2026 во 09:031 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Шефот на дипломатијата, Тимчо Муцунски, денеска престојува во работна посета на Загреб, на покана на неговиот хрватски колега Гордан Грлиќ Радман. Главна цел на средбата е унапредување на билатералните односи и подготовка за потпишување на клучниот Договор за стратешко партнерство меѓу двете земји.

    Како што информираат од МНРиНТ, двајцата министри ќе разговараат за продлабочување на соработката во секторите енергетика, здравство, култура и туризам. Посебен акцент ќе биде ставен на економската соработка и новите иницијативи за развој во сферите од заемен интерес.

    Европската агенда на Македонија останува во центарот на вниманието. Муцунски и Радман ќе дискутираат за перспективите за динамизирање на преговорите со ЕУ, при што ќе се разгледа и подготвеноста за користење на хрватските искуства во процесот на полноправно членство.

    Министрите ќе разменат мислења и за безбедносната соработка во рамките на НАТО, како и за влијанието на регионалните и глобалните случувања врз Западен Балкан.

    Во рамки на посетата, Муцунски ќе има свое обраќање и на IDU Форумот, каде ќе говори на панелот под наслов: „Заборавената граница: Западен Балкан и незавршеното ветување на Европа“.

    Прочитај повеќе

    Николова: Интерпелацијата за Трипуновски е гласот на илјадници земјоделци и нивните семејства

    10.06.2026 во 20:24

    Лефков до Бочварски: На интерпелацијата сакате да наметнете амнестија за вашата неработа, а сте се потпишале сите поранешни министри од владата на СДС

    10.06.2026 во 19:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.