Close Menu
Press24
    Најново

    Петок неработен ден – УХМР ја објави временската за продолжениот викенд

    25.08.2026 во 11:10

    УХМР објави метео аларм: Пекол низ цела Македонија

    25.08.2026 во 11:02

    Одлични вести за возачите: Цената на нафтата паѓа трет ден по ред

    26.08.2026 во 10:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Од 1 септември промени во правилата за паркинг на аеродромот во Скопје
    • Нафтата поевтинува, растат надежите за Ормускиот Теснец
    • Постојано се вљубуваат во погрешни – три хороскопски знаци не учат од лошите искуства
    • Три часа 23 луѓе виселе заглавени на рингишпил во Хамбург
    • ТОП10 најбогати пратеници во Македонија – двајца се веќе милионери
    • Утре одиме во портокалова фаза: Уште еден пеколен ден – попладне може и да заврне
    • Зимата ќе биде студена: Европа се најниски резерви на гас во последните 13 години
    • Скопје и Белград утре го потпишуваат договорот за гасовод
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Скопјанец дилал дрога од подрум, Обвинителството бара притвор

    Скопјанец дилал дрога од подрум, Обвинителството бара притвор

    29.04.2026 во 18:441 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 49-годишен жител на Скопје, кој се сомничи за кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

    Според официјалното соопштение, истрагата е отворена откако полициски службеници извршиле претрес во подрумска просторија во населбата Аеродром, која ја користел осомничениот. При претресот е откриено значително количество на различни видови наркотици.

    „Пронајдени се вкупно 108,61 грама марихуана, 66,9 грама психотропна супстанца – амфетамин, како и синтетички опијат – метадон со вкупен волумен од 210,5 милилитри“, информираат од Обвинителството.

    Покрај дрогата, инспекторите пронашле и парични средства за кои постои основано сомнение дека потекнуваат од илегална продажба на наркотици. Дека просторијата се користела за премерување и пакување на дрогата потврдува и пронаоѓањето на две дигитални ваги, на кои биле откриени траги од амфетамин, кокаин и марихуана.

    Имајќи ги предвид тежината на делото и пронајдените докази кои укажуваат дека осомничениот би можел да продолжи со нелегалната трговија, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор. Како дополнителен основ за притворот се наведува и опасноста од бегство на осомничениот.

    Прочитај повеќе

    Грците горат, не палете ни цигара: Напишале 1,2 милиони евра казни за подметнување пожари

    26.08.2026 во 20:14

    Антракс во бугарско село: Заразени луѓе, крави и овци

    26.08.2026 во 19:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.