Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени на горивата – дизелот е поскап

    28.09.2026 во 09:30

    Најстудениот македонски град утрово: Само малку над нулата

    28.09.2026 во 09:27

    Владата не спаси: Дизелот ќе отидеше над 110 денари за литар

    28.09.2026 во 11:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Регулаторна одлучи: Поскап бензин – значително поевтин дизел
    • Нови сообраќајни правила во и ЕУ
    • Мицкоски утре на промоција на проектот „Ревитализација на хидроелектраните – Фаза 3“
    • Утре повеќе скопски населби ќе останат без струја – проверете дали сте на списокот
    • Петрушевски: Филипче доживува дебакл
    • Сиљановска-Давкова во Салцбург: Проширувањето кон Западен Балкан е тест за геополитичкиот капацитет на ЕУ
    • Семеен хаос во Скопје: Се степале двајца браќа и нивната мајка
    • Хорор за прваче во Кочани: Го соблекле гол, го тепале и го снимале
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Тошковски: Истрагата за насилството во Ѓорче во тек, 14 лица повикани на распит – МВР најавува системски пристап

    Тошковски: Истрагата за насилството во Ѓорче во тек, 14 лица повикани на распит – МВР најавува системски пристап

    28.04.2026 во 13:261 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска потврди дека се води интензивна истрага за случајот со врсничкото насилство во скопската населба Ѓорче. Тој информираше дека досега на разговор се повикани 14 лица, меѓу кои и родители на ученичките, а во координација со Јавното обвинителство се преземаат соодветни процесни дејствија.

    „Ова е сериозен проблем кој нè засега сите и кој ќе остане во фокусот на Министерството за внатрешни работи. Потребен е мултиинституционален и системски пристап. Апсолутно значајна е и улогата на родителите – нивната вклученост во воспитувањето и образовниот процес“, изјави Тошковски.

    Министерот нагласи дека борбата против врсничкото насилство не смее да се сведе само на репресија, туку бара општествен ангажман од сите чинители.

    Покрај врсничкото насилство, Тошковски најави и суштински промени во справувањето со семејното насилство. Тој информираше дека МВР работи на зајакнување на ингеренциите во согласност со Истанбулската конвенција, со примарен фокус кон сторителот, без оглед на неговиот статус или местото на извршување на делото.

    Во однос на останатите актуелни прашања, министерот посочи дека инспекциските служби активно работат на случајот со нелегални козметички третмани, а во однос на државјанствата на функционерите, го повтори ставот дека е потребна анализа од формално-правен аспект за воведување правило за едно државјанство.

    Прочитај повеќе

    Регулаторна одлучи: Поскап бензин – значително поевтин дизел

    28.09.2026 во 14:21

    Мицкоски утре на промоција на проектот „Ревитализација на хидроелектраните – Фаза 3“

    28.09.2026 во 14:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.